Најчесто се подготвува со пилешкоСостојки:
500 гр мисиркино или пилешко месо
4 дл јогурт
100 гр сирење или кашкавал
100 гр презла
2 лажици магдонос
По вкус сол и бибер
Малку масло
Начин на подготовка:
Сирењето изрендајте го на крупно, магдоносот ситно исечкајте го, а месото исечете го на шницли.
Во сад кој ќе ви одговара измешајте го сирењето, магдоносот и презлата.
Шницлите посолете ги и ставете им бибер по вкус, натопете ги во јогурт и извалкајте ги во смесата со сирењето.
Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, наредете ги подготвените шницли, преостанатиот јогурт и смесата за панирање прелијте ја преку нив и покријте со алуминиумса фолија.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Тргнете ја алуминиумската фолија и оставете ги шницлите да се запечат додека не поруменат.
Послужување
Послужете со прилог и салата по желба. Состојки:
500 гр мисиркино или пилешко месо
4 дл јогурт
100 гр сирење или кашкавал
100 гр презла