Снимањето на „Топ Геар“ во Аргентина прекинато: Провоцирале поради Фокландската војна, едвај извлекле жива глава

Екипата на популарната британската телевизиска програма „Топ Геар“, во која беа тројцата водители – Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј, пред време го напуштија снимањето на специјалната емисија во Аргентина, откако се соочија со протести во јавноста, како и со демонстрации пред хотелот во кој престојувааПричината за „бегството“ била регистарската табличка на едно од службените возила кои се користени за снимањето на емисијата, за која се вели дека „асоцирала на Фокландската војна од пред 32 години“.Табличката ва „поршето“ на Кларксон имала број Х982 ФКЛ, при што бројката, наводно, асоцира на годината (1982) кога армиите на Аргентина и Велика Британија 70 дена војуваа, по инвазијата на Аргентинците врз Фокландите, што тие ги сметаат за своја територија, додека трите букви, го означуваат името на овие острови во Јужниот Атлантик.
Претставник на Би-Би-Си во Лондон потврди денеска дека е прекинато снимањето во Аргентина, но ги отфрли како „сосема неточни“ тврдењата дека причината за тоа се табличките на еден од автомобилите.
Во објаснувањето на британската медиумска компанија се вели дека водителската тројка заминала од Аргентина, откако локалните власти во Ушуаја, на Огнената Земја, не им издале дозвола за снимање.

Кларкосн и другите, требаше во Аргентина да направат ексклузиво возење по познатиот магистрален автопат Патагонија-40 што води до крајниот југ на Аргентина.
Медиумите во Јужна Америка, сепак, се држат до другата верзија за предвременото заминување на „Топ Геар“, врзувајќи го тоа со „инцидентот со табличката“. Овие медиуми тврдат дека регистарската табличка на тројцата Британци предизвикала гневна реакција на локалните политичари и воени ветерани кои бараа од аргентинските власти да им наредат да си заминат од земјата.
Табличката ва „поршето“ на Кларксон имала број Х982 ФКЛ, при што бројката, наводно, асоцира на годината (1982) кога армиите на Аргентин

Пронајдете не на следниве мрежи: