Поранешниот соработник на американското разузнавање, Едвард Сноуден посочи дека американската и британската тајна служба успеале да ги пробијат протоклите на интернет и да ги обезбедат поголемиот број заштитни електронски податоци. „Американски и британски разузнавачки служби успеале да упаднат во интернет протоколите за заштита на информациите, што обезбедуваат заштита на електронската пошта, банкарските и медицински податоци на мрежата“, откриваат „Њујорк тајмс“, „Гардијан“ и „ПроПублика“ врз основа на документи, обезбедени од поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден.
Во рамките на тајна програма вредна 250 милиони долари на годишно ниво, американската Агенција за национална безбедност и британскиот Центар за владини комуникации успеале да ги пробијат најпознатите и најбезбедни протоколи за заштита на информациите. Особено внимание било посветено на популарниот систем за кодирање ССЛ (Secure Sockets Layer).
„Јаху“ и „Гугл“ се меѓу погодените компании. Обидите за криптографска заштита биле извршени во рамките на тајната американска програма „Булран“ и соодветната британска програма „Еџхил“. За програмата „Булран“ биле користени моќни супер компјутери, што ја пробивале заштитата во етапи, кога интернет корисниците се вклучувале на интернет.
Американците соработувале со техолошки компании, кои внесувале во својот софтвер „заден влез“, благодарение на што властите добивале пристап до информациите пред да бидат кодирани за на интернет.
САД во програмата инвестирале милијарди долари од 2000 година.„Американски и британски разузнавачки служби успеале да упаднат во интернет протоколите за заштита на информациите, што обезбедуваат заштита