Сноуден до Путин: Дали ги прислушкувате Русите?

Руските разузнавачки агенции прислушкуваат само поединци, но по претходно добиени наредби од судот. – одговори Владимир Путин.Најбараната личност на светот – Едвард Сноуден, денеска лично му постави прашање на Владимир Путин за време на телевизиското обраќање на рускиот претседател кон нацијата.
Сноуден по пат на видео линк го праша Путин дали Русија ги прислушкува своите граѓани, што Путин категорично го негираше. Путин потенцираше дека не постои неконтролирано надгледување на комуникацијата кај руските граѓани како што се прави во Америка, пренесе Russia Today.
Таков е нашиот закон и баш поради таа причина нема масовно шпионирање во нашата земја. – нагласи рускиот претседател.
Уште не е јасно дали Сноуден во живо се вклучил во емисијата, или е емитувано претходно снимено видео со неговото прашање.
Повеќе во видеото:  
Најбараната личност на светот – Едвард Сноуден, денеска лично му постави прашање на Владимир Путин за време на телевизиското обраќање на руск

Пронајдете не на следниве мрежи: