СНС: Нема предвремени избори во Србија

Loading...

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) и  воедно вицепремиер Александар Вучиќ изјави во понеделникот дека поради „аферата Шариќ“ нема да бидат распишани предвремени парламентарни избори, меѓутоа дека ќе одговараат сите коишто сториле кривични дела, без да се има отстапки за кои имиња станува збор и за функциите што ги извршуваат.
По седницата на Српската напредна партија (СНС) во понеделникот, по повод кризата којашто изби по медиумската кампања во чиј центар е премиерот и воедно министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кој е доведуван во поврзаност со луѓе на еден од најголемите нарко картели на Балканот Дарко Шариќ кој е во бегство,вицепремиерот и министер за одбрана, Александар Вучиќ истакна дека Србија сега „има поважни работи“, иако изборите, според него, во овој момент најмногу би и’ одговарале токму на неговата партија.„Во овој момент поважни ни се интересите на државата и на народот и никогаш нема да има избори коишто ќе зависат само од нас, туку од целата атмосфера ,во прв ред од она што се случува во општеството. За нас најважно е да продолжиме да работиме на извлекувањето на Србија од кризата, на добивање датум за преговори (со Европската унија), привлекување странски инвестиции“ изјавил Вучиќ по седницата на претседателството на владејачката СНС.Вучиќ е убеден дека, доколку сега се распишат парламентарни избори во Србија,  ќе бидат надмоќни во однос на своите политички ривали.„Нам во овој момент изборите најмногу ни одговараат и би добиле двојно повеќе гласови и би ги победиле противниците целосно“, изјави Вучиќ по едночасовниот состанок на челништвото на СНС.На прес-конференцијата најмногу прашања биле поставен околу аферата во којашто е вмешано името на премиерот Дачиќ, од Социјалистичката пратија на Србија (СПС) коалиционен партнер на СНС на Вучиќ во власта.Информациите за средбата на Ивица Дачиќ со 63-годишниот бизнисмен Родољуб Радуловиќ, наречен Миша Америка, која се појави кон крајот изминатата седмица, во белградските медиуми, официјално ја потврди полицијата. Премиерот самиот призна во саботата навечер на итна прес-конференција дека тој се сретнал трипати со Радуловиќ, но, наводно, во тоа време не знаел на неговата вмешаност во криминални активности. Како поддршка за своето тврдење, Дачиќ на новинарите им ја презентираше ткн Бела книга за активностите на криминалните групи, која ја добил од управата на криминалистичката полиција во декември 2008 година, а во која Радуловиќ не се споменува како претставник на кланот на Дарко Шариќ кого српските власти во тоа време го бараа за шверц на дроги.„Таа информација (за средби со Радуловиќ) јас ги доставив до архивата за да се користат за притисок, кога ќе дојде време”, рече Дачиќ, додавајќи дека никогаш не извршил кривични дела и дека борбата против криминалот е врвен приоритет на неговата владата. Премиерот посочи дека кампањата да се дискредитира владата најверојатно ја водат луѓе кои сакаат да ја спречат борбата против корупцијата.Вучиќ во понеделникот на новинарско прашање како владата ќе ја продолжи борбата против криминалот и корупцијата доколку ја води човек за кој постојат сомневања дека се состанувал со злосторничка група, одговорил дека постојат институции и државно обвинителство кои ја работат својата работа и дека „ќе одговараат сите, без оглед на тоа како се презиваат“, пренесува Танјуг. А тоа според него значи дека ќе бидат процесуирани сите 24 предмети кои ги покрена поранешната претседателка на Советот за борба против корупцијата, Верица Бараќ, како што се предметот Шариќ, „Развојна банка на Војводина“, „Галеника“ и др.Вучиќ, исто така, рекол дека за состаноците на премеирот Ивиц Дачиќ и Радуловиќ не знаел до пред неколку дена.„Српската напредна партија за тоа ништо не знаеше, а за состаноците меѓу Дачиќ и Радуловиќ дознав пред неколку дена“, рекол Вучиќ. Притоа рекол дека е сосема извесно дека информациите за тоа во медиумите протекле од полициски извори и дека сигурно „ниеден лист на излегол од службата за безбедност“.„Ќе се изненадите кога би видело кој сé со кого се среќавал, но тоа не е моја работа. Мојата работа е да утврдам кој сторил кривично дело“, изјавил Вучиќ додавајќи дека поради карактерот на неговата функција има повеќе информации од другите граѓани, но дека не сака да ја злоупотребува својата позиција со изнесување на таквите информации во јавноста.Инаку подоцна попладне во понеделник, ќе се одржи и седница на владата на Србија, на којашто исто така се очекува да стане збор за стабилноста на владата во атмосферата кога опозициските партии почнаа да заговараат распишување предвремени парламентарни избори по повод аферата во која е вмешан премиерот Ивица Дачиќ.
 
Макфакс
 Претседателот на Српската напредна партија (СНС) и  воедно вицепремиер Александар Вучиќ изјави во понеделникот дека поради „аферат

loading...
Loading...