Со 125 вработувања Неуромедика лидер во вработувањето во македонското приватно здравство

Неуромедика како прв приватен медицински бренд во Македонија веќе влезе во својот јубилеj, 25 години од основањето.
 На 10.06.2017 ќе прослави четвртина век постоење, време поминато низ константен раст и развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Пред речиси две години Неуромедика го постави камен темелникот на најголемиот проект досега, Болницата Неуромедика на ул. “Јордан Мијалков” бр. 62 во центарот на Скопје, нов објект на 8 нивоа со 3.500м2 изграден и прилагоден според најсовремените медицински параметри. Болницата Неуромедика е во завршна фаза во која се работи на специјалните системи за болничко работење, монтажата на дијагностичката медицинска апаратура и останати градежни активности. Поради тоа Неуромедика има потреба од нов дополнителен кадар кој ќе работи во новиот објект и постоечките капацитети. Отворени се 125 работни места од повеќе области и тоа: доктори специјалисти, доктори општа пракса, менаџери, административен персонал, медицински сестри, медицински техничари, лаборанти, оператори и  логистика. Деталите за огласотможе да се погледнат во продолжение:
Медицински кадар:
Гинеколози – 2 извршители
Физијатри – 2 извршители
Специјалисти по Трудова медицина – 3 извршители
Специјалисти по Интерна медицина – 2 извршители
Педијатри – 2 извршители
Доктори на специјализација на хируршки гранки – 7 извршители
Доктори на специјализација на не-хируршки гранки – 6 извршители
Доктори општа пракса – 9 извршители
Медицински претставник – 1 извршител
Медицински сестри – 25 извршители
Инструментарки – 5 извршители
Лаборанти – 11 извршители
РТГ техничари – работно искуство со MRI и CT – 2 извршители
Административен кадар:
HR менаџер – со работно искуство во областа – 1 извршител
Менаџер за контрола и логистика – со работно искуство во областа – 1 извршител
Комерцијалист – 1 извршител
Администратор-операторки – 15 извршители
Лица за работа во административен оддел – 5 извршители
Помошен кадар и логистика:
Возачи – 4 извршители
Обезбедување – 8  извршители
Работници за во кафетерија – 2 извршители
Техничка служба – 3 извршители
Хаусмајстори – 2 извршители
Хигиеничарки – 5 извршители
Лице за одржување на систем за греење-ладење и вентилација – 1 извршител
Потребни квалификации на работните места: 
1.Кандидатите за медицинските работни места – доктори специјалисти, доктори општа пракса, специјализанти, медицински сестри, инструментарки, РТГ техничари, лаборанти треба да имаат:
– соодветно медицинско образование за работната позиција за која аплицираат
– лиценца за работа за работната позиција за која аплицираат
– работно искуство согласно работна позиција за која аплицираат
– познавање на англиски јазик и работа со компјутери
– возачка дозвола Б
2.Кандидатите за административна работа треба да имаат
– високо образование согласно работната позиција за која аплицираат
– работно искуство во бараната област (за менаџерските работни позиции најмалку 3 години искуство во дејноста)
– познавање на англиски јазик и работа со компјутери
– возачка дозвола Б
3.Кандидатите за помошен кадар и логистика треба да имаат искуство во областа за работната позиција за која аплицираат
– ССС/ВСС
– работно искуство согласно работна позиција за која аплицираат
– возачка дозвола Б/Ц
– лиценца за работа (доколку е потребна за работната позиција)
Кандидатите потребно е да го достават своето CV, (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) документи за завршено образование, потврда за работно искуство на: [email protected] со назнака на позицијата, лично во просториите на Неуромедика или по пошта на адреса: ПЗУ Неуромедика, бул: Партизански одреди бр.42, 1000 Скопје, со назнака на позицијата за која се аплицира.На 10.06.2017 ќе прослави четвртина век постоење, време поминато низ константен раст и развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорн

Пронајдете не на следниве мрежи: