Системот за греење со помош на лименки функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем се загрева преку сончевите зраци во лименките, објаснува професорот по математика и информатика Дарко Миличевиќ од Параќин (Србија), кој направил соларен панел од празни амбалажи пиво.39-годишниот професор од празни лименки направил соларен панел кој надворешната температура на воздухот од минус пет, на „волшебен“ начин со помош на сонцето, го загрева на плус 52, колку што е температурата на воздухот кога влегува во неговиот дом.
– Минатата зима барав на интернет за алтернативни начини за загревање. Најдов многу различни идеи, но оваа ми привлече внимание затоа што ми се виде мошне едноставна. Купив иверица, стиропор за изолација, боја, силикон… Направив пауза, па проектот траеше неколку месеци додека не скоцкав сѐ како што треба. Пред зимата плочата ја монтирав на јужниот ѕид во домот затоа што сончевите зраци таму се најсилни, вели овој креативен професор.
Системот за греење со помош на конзерви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат лименките преку сончевите зраци. Воздухот природно се движи најгоре и влегува во домот низ избушен отвор во ѕидот.
– Почнав со работа така што направив рам од иверицата со димензии метар на метар. Така направениот рам од еден квадрат го изолирав само со стиропор од три сантиметри, со што го заштитив со црна фолија и направив лежиште за лименките кои сам ги офарбав во црно. Така, силно се загреваат со сончевите зраци. Панелот има 11 лименки и четири реда, вкупно 44. Не е скапо затоа што се покриваат со плексиглас, материјал кој е најскап за заштита. Тој чини околу 2.500 динари и се става на предната страна за топлиот воздухот да не излезе од системот. Во трошокот на лименките кои ги испив, овој греен систем чини околу 60 евра, без работа, вели Миличевиќ.
Тој направил тестирање, а кога температурата надвор била -5 степени, преку уредот во куќата му влегувал воздух топол дури 51 степен Целзиусов. Се разбира, хендикепот на системот е што може да загрева само во сончеви денови.39-годишниот професор од празни лименки направил соларен панел кој надворешната температура на воздухот од минус пет, на „волшебен&ldqu