Со 5 оброци на ден против дебелината!

Можеби е време да го напуштите концептот од три квадратни оброци на ден? Новите истражувања во Финска најдоа адолесценти кои јадат по пет оброци дневно – доручек, ручек, вечера, и две ужини – со помали шанси да страдаат од дебелина.
Резултатите од истражувањата – вклучуваат повеќе од 4.000 учесници, чии семејства им го направиле распоредот како да се исхрануваат и настојувале во воведување на таа рутина, се покажало одлично дури и кај оние со предиспозиција на дебелеење. Во истражувањата, следењето на учесниците се вршело од нивното раѓање па се до шеснаесет годишна возраст, со цел да се идентификуваат факторите за настанокот на дебелината и навиките во исхраната уште од рана возраст.
Според податоците, момчињата и девојчињата кои се држеле до редоследот, пет оброци дневно, имале намален ризик од прекумерна тежина. Овој концепт на јадење, пет оброци дневно, се појавил највеќе да се спречи дебелината кај оние генетски склони кон дебелеење. Истражувачите исто така потенцираат, доколку се прескокне појадокот, придонесува до прејадување и нарушување на останатите оброци кои следуваат во текот на денот.Новите истражувања во Финска најдоа адолесценти кои јадат по пет оброци дневно – доручек, ручек, вечера, и

Пронајдете не на следниве мрежи: