Ли Хисинг(29) постојано прашувал во каква состојба е неговата жена која минала низ тешко породување. Ли чекал неговата сопруга Жанг Чун да излезе од операционата сала во која го родила неговото синче. Но не знаел дека салата е речиси празна.
Со часови ја барал по болница додека на крајот со сила не ја отворил вратата од операционата сала и го видел безживотното тело на неговата жена.
Во близина бил и хигиеничар кој пушел цигара. За среќа бебето го преживеало породувањето.
„Се нервирав пред салата, прашувајќи се што се случува внатре а мојата мртва жена беше оставена сама“- вели тој.
По породувањето таа добила обилно крварење, па докторите не успеале да и го спасат животот.
Мажот е решен да ја тужи болницата затоа што се сигурни дека нешто кријат.
Од болницата се извиниле што не го известиле и признале дека има пропусти. Ли чекал неговата сопруга Жанг Чун да излезе од операционата сала во која го родила неговото синче. Но не знаел дека салата е речиси празна.



