Пред три дена се договоривме да се видиме со другар ми Фуркан Фејзула. Не знаев дека тоа ќе биде нашата последна средба. Тешко е да се поверува дека таков човек, полн со живот, забавен, но пред сe голем другар, може да го снема. Ете во оној бел „голф“, што е фрлен сред нива, го удави поројот во саботата. Најтрагично е што и неговата двегодишна ќерка е удавена, всушност, ја нема. Kога дошла водата, ги однела двајцата, а жена му ја нашле жива тука кај првите куќи од селото Стајковци, пишува Дневник.Не можам да го заборавам Фуркан и многу ми е тешко. Тука на крајот од улицава се неговите зелени патики, ги помнам, нови му беа. Дојдов да се простам од него тука, каде што последен пат дишел, сакам да го памтам по доброто расположение и пријателството што го делевме последниве десетина години – вели триесет и двегодишниот Нухи Дураки од Арачиново.
Нухи го затекнавме како стои кај подвозникот на обиколницата во близина на Смилковското Езеро, велат веќе три дена во исто време доаѓа на улицата и гледа кон автомобилот на другар му.
На нивата каде што заглавен во кал е автомобилот на Фуркан има уште неколку возила што водата ги нафрлала како да се играчки. До автомобилот на Фуркан има и огромен бел шлепер, кој исто така стои превртен.
Нухи коментира дека не му е јасно колкава сила имала таа вода што вака си поиграла со возилата. Тој вели дека знае оти животот е непредвидлив, но дека е толку суров, уште не може да си објасни.
– Вратата од „голфот“ на Фуркан е отворена, сигурно сакал да бега, но водата го затрупала. Автомобилот е пропаднат како во жива кал. Не знам како патиките на Фуркан завршиле тука на асфалтот, не се осмелувам ни да ги пипнам, само ги гледам. И тагувам. Ова е катастрофа, нешто за што ќе се зборува со генерации. Многу луѓе си ги изгубија блиските, а никој не можеше да претпостави дека тука може да има толку силна поплава за да убива луѓе. Јас ќе доаѓам тука уште некое време, вели Нухи, кој молчешкум се тргна неколку чекори наназад како да сакаше да каже – сега сакам да сум сам.
Во полицискиот извештај за кобната ноќ стои дека на 8 август 2016 година околу 18 часот Џ.Ф (18) пријавил дека на 6 август околу 20 часот во близина на обиколницата Смилковско Езеро исчезнал брат му, сега починатиот Фуркан Фејзула. Според полициски извори, Фуркан се движел со возило, во кое како сопатник била неговата шеснаесетмесечна ќерка Елиф Фејзула, а во момент на временските непогоди кога наишол голем воден бран почнал да го носи возилото. Фуркан е најден починат, а на детето му се губи секоја трага. Полицијата вели дека се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.Не можам да го заборавам Фуркан и многу ми е тешко. Тука на крајот од улицава се неговите зелени патики, ги помнам, нови му беа. Дојдов да се прост