Сабрина прв пат Брза помош побарала во 6 и 30 часот утрото, кога почувствувала симптоми на болки во стомакот, мачнини и диареја. Меѓутоа во центарот решиле да не и испратат амбулантно возило.Сабрина Стивенсон (28) од Лондон со часови умирала во агонија во својот дом, бидејќи Брзата помош одбила да дојде кога слушнале дека „само“ повраќа и има диареја. Несреќната девојка не ни знаела дека има вонматерична бременост, и четири часа чекала помош. На крајот починала, неколку минути пред да дојдат лекарите, a нејзината мајка Дон, сега на суд бара лекарите и болничарите да одговараат за смртта на нејзината ќерка.
Сабрина прв пат Брза помош побарала во 6 и 30 часот утрото, кога почувствувала симптоми на болки во стомакот, мачнини и диареја. Меѓутоа во центарот донеле погрешна одлука и решиле да не и испратат амбулантно возило. Дури кога после половина час повторно се јавила, и била доделена екипа – но екипата одбила да оди поради симптомите како што се мачнини и диареја.
Како што вели адвокатот на ова семејство, поради низа непромислени одлуки, брзата помош и укажала помош на Сабрина тек после цели 4 часа откако ги повикала. Несреќната двојка починала од срцев удар штом стигнала во Ургентниот центар, а да стигнеле порано, се можело поинаку да заврши.
Таа ни самата веројатно не знаела дека има вонматерична бременост, која понекогаш може да помине без никакви симптоми, но и да однесе по 5 животи годишно.
– Врувам дека болничарите миселе дека е издрогирана или нешто слично. Истрагата покажа дека Сабрина би била денес со нас доколку тие правилно реагираа – огорчено раскажува мајката.
Сабрина вечерта пред тоа излегла во град со пријателите и се напила неколку пијалаци, но нејзината мајка и татко сметаат дека тоа нема врска со тоа што се случило следниот ден.
Патологот, после деталниот преглед, заклучил дека смртта на Сабрина можела да биде спречена доколку стигнала во Ургентниот центар само 5 минути порано. Сабрина Стивенсон (28) од Лондон со часови умирала во агонија во својот дом, бидејќи Брзата помош одбила да дојде кога слушнале дека „само&ld



