Porsche е еден од првите производители во светот кој понуди можност автомобилот да се поврзе со новиот часовник на Apple. Како резултат на тоа, возачите може сега да пристапат до нивниот Porsche автомобили преку функцијата Car Connect, без притоа да го користат нивниот iPhone, што е многу попрактично. Сепак, паметните телефони на Apple и понатаму можат да комуницираат со возилото, а часовникот на Apple е дополнителен елемент во таа контролна функција.Часовникот на Apple нуди информации за статусот на возилото и им овозможува на возачите одредени функции да можат да ги следат и да ги контролираат. „Далечинскиот“ дисплеј, на пример, прикажува дали прозорците, вратите и сончевиот се затворени; доколку е потребно возилото може да се заклучи само со едноставен допир на екранот. Функцијата “Carfinder” ја прикажува локацијата на автомобилот, додека пак навигацијата го води возачот до позицијата на автомобилот. Штом возачот се во близина на неговиот Porsche автомобили, тој лесно ќе може да го идентификува на полниот паркинг или во катната гараза преку звукот на сирената и трепкањето на светлата.
Клучна функција, кога станува збор за удобноста, е контролата на plug-in хибридните автомобилите со помош на Apple часовникот. Со краток поглед на рачниот часовник можат да се видат сите потребни информации: колку е полна батеријата, опсегот и преостанатото време за следното полнење. Со функцијата „Клима”, возачите можат преку својот Apple часовник да го активираат клима уредот на бараната температура пред да влезат во автомобилот.
Преку интегрирање со Apple часовникот, Porsche нуди ново ниво на индивидуализација и удобност во комуникацијата меѓу возачот и автомобилот. Porsche со апликацијата Car Connect ја користи мобилна телефонска мрежа и овозможува комуникација со автомобилот на било која далечина.Часовникот на Apple нуди информации за статусот на возилото и им овозможува на возачите одредени функции да можат да ги следат и да ги контролираат