Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ им донираа 40 комплети од едицијата „Бајки од Македонија“ на градските библиотеките во Македонија за да помогнат во збогатувањето на нивниот книжевен фонд и тие да станат достапни за пошироката читателска публика.Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одбележа Светскиот ден на раскажување приказни. Наратори на приказните од македонското народно творештво беа младите актери Теоман Максут и Миа Кантарџиева, кои на уметнички начин, со фолклорни елементи, им ги доближија македонските народни приказни на најмладите.
„Со овој настан наша цел е кај најмладите да ја поттикнеме навиката за читање и да ја разбудиме нивната фантазија, како основа за правилен мислечки и креативен процес. Читањето приказни во детството во голема мера придонесува за зголемување на интересот за читање книги и во детската возраст, но и подоцна во животот“, истакна Жаклина Угриновска, раководител во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Едицијата „Бајки од Македонија“ е проект реализиран од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Еден од главните приоритети на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е да создава нови модерни производи инспирирани од македонската традиција, а во нивната креативна изработка да им даде шанса на млади талентирани луѓе од Македонија, како што беше случај и со оваа едиција. Илустрациите на приказните во едицијата „Бајки од Македонија“ ги изработи младата дизајнерка Катерина Николовска, која беше избрана на јавен конкурс.
„Традицијата што ја поседува Македонија во различни сегменти е огромен извор на идеи. Дел од нив се по малку заборавени или не се атрактивни за современиот човек. Но, наша цел е од овие идеи да создадеме нов модерен производ со современ печат, а во процесот на нивно креирање да им дадеме можност на младите талентирани луѓе. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ многу скоро по своето излегување беше одлично прифатена од сите генерации, а што е најважно, овој проект помогна во создавањето на читачки навики кај најмладите, за што многу придонесе и современиот дизајн“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четирите бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“ и претставува модернизирана и адаптирана форма на приказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и од Танас Вражиновски. Во изборот на бајките учествуваше и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.
За да го дадат свој придонес кон збогатување на книжевниот фонд во библиотеките и да ги направат достапни за поголем број читатели, приказните од едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, во чиешто издание е едицијата, на градските библиотеки во Македонија им донираа 40 комплети.
„Детската литература е еден од нашите фундаменти на којшто сериозно му е посветен цел тим професионалци од различни области. Создавање на нова читачка публика е многу важно за нас, но истовремено читањето и желбата за нови знаења е важно и за општеството како целина, бидејќи така се создава основа за иден развој на сите полиња. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ е токму одраз на овие наши заложби. Оваа едиција е една од најбараните во нашите продажни места, а доживеа и неколку реизданија за краток временски период, што е вистински показател за огромната прифатеност од читателската публика“, истакна Бранка Бугариска, раководител на издаваштво во „Арс Ламина“.
Едицијата „Бајки од Македонија“ беше претставена на еден од најголемите светски саеми на книгата, на Саемот во Франкфурт, со превод на англиски јазик, со што станува достапна за широката читателска публика на светскиот пазар. Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред