Со години слушала навреди од сопругот дека не знае да готви, а потоа му ја „запржила“ манџата!

„Мојот поранешен сопруг секогаш знаеше да ми каже дека не знам ништо да зготвам“,раскажува Кејти Масунага додека седи во својата продавница „Слатка одмазда“  „Мојот поранешен сопруг секогаш знаеше да ми каже дека не знам ништо да зготвам“,раскажува Кејти Масунага додека седи во својата продавница „Слатка одмазда“ во Хонолулу и додава:
„Тој на сите наоколу им кажуваше дека сум ужасна готвачка“.
Но по 25 години лош брак во кој не била среќна со своите два сина и без никакви примања често се возела низ градот расмислувајќи:
„ОК, би можела да го поставам својот шатор овде“.
Еден ден, 2009 додина таа решила дека мора да промени нешто во својот живот и да биде среќна. Затоа конечно поднела документи за развод на бракот. Вели дека тоа  била една од најлошите работи кои ги направила во животот, но најдобра за за нејзе и нејзините синови.
“Требаше многу порано да соберам храброст и да го сторам тоа“, вели Кејти.
Кејти од тогаш поминувала многу време во кујната во фирма за кетеринг која ја држела нејзината пријателка. Експериментирала правејќи разни рецепти.
„Торти од овошје и мали тортичкикои ужасно ги мразев!“, објаснува Кејти.

Тогаш почнала да прави и минијатурни слатки и солени пити, а набрзо и да ги продава и тоа во својот шатор кој го нарекла „Слатка одмазда“.
Денес таа врши и достава на пити на домашни адреси, а секоја недела продава помеѓу 400 и 500 пити.
За Кејти разводот значел и нов почеток.
„Научив дека не смеам да се плашам од работа доколку е тоа нешто што навистина го сакам. Ова што сега го правам е забавно. Понекогаш и ги одмарам рацете, но и понатаму е забавно. Еден од мите синови пресмета дека за еден час заработувам еден долар“, раскажува Кејти.
Слоганот на нејзината фирма е „Среќата е во слатката одмазда“, но правењето мали пити сигурное уште послатко.
 „Мојот поранешен сопруг секогаш знаеше да ми каже дека не знам ништо да зготвам“,раскажува Кејти Масунага додека седи во својата продав

Пронајдете не на следниве мрежи: