Со интензивно темпо се градат нови патишта

Нови автопати,  експресни, магистрални, регионални и локални патни правци. Во Македонија интензивно се работи на изградба на модерна инфраструктура. Градежната сезона е во полн ек, се работи на изведба на нови километри асфалт.Нови патишта во источна Македонија
Во тек е изработката на проектната документација за рехабилитација на патните правци Куманово – Страцин, Крупиште – Пробиштип и обиколницата на Кочани од државниот пат А3. По оваа фаза, ќе се распишат и тендерите и ќе се изберат градежните фирми за изведба на овие три делници.
 
Значително зголемување на автопатската мрежа
Во земјава се градат нови автопатишта, но се реконструираат и постојните делници. Македонија добива три целосно нови автопати: од Демир Капија до Смоквица, од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид.
-Изградбата на овие автопатски делници претставува изградба на капитални проекти од национално значење, бидејќи само со овие автопатски делници се зголемува вкупната автопатска мрежа во државава за 50 проценти,  вели владиниот портпарол, Александар Ѓеоргиев.
Последната делница од Коридорот 10, односно од Демир Капија до Смоквица е во завршна фаза и ќе биде готова напролет. Автопатот е во должина од 28 километри и е вреден 210 милиони евра. Се реализира од повеќе извори, односно со пари од ЕБОР, ЕИБ, преку ИПА фондовите и од домашниот буџет.
 
Реконструкција на постојните автопатски делници
Во моментов од Куманово до Скопје се вози по една лента, со поставена сигнализација. Во полн ек се работите за целосно реконструирање на автопатската делница што беше во исклучително лоша состојба. Станува збор за проект вреден 10 милиони евра за санација на 23 километри автопат, што се реализира со пари од ИПА фондовите, а се работи и од Смоквица до Гевгелија.
Вкупната инвестиција во автопатската мрежа, за изградба на нови и за обнова на постојните делници, се проценува на повеќе од 800 милиони евра!
-Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, вели премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
 
Обновени се мостовите на Коридорот 10
На Коридорот 10 е завршена обновата на 64 мостови,  реализирана со финансиска поддршка на НАТО и на КФОР. Се работеше во фази: од Катланово до Велес, од Скопје до Блаце, од Демир Капија до Гевгелија и од Велес до Катланово.
-Задоволен сум од реализација на проектот и се надевам дека реконструираните мостови  ќе бидат од полза и на КФОР и на цивилниот сообраќај во вашата земја, вели бригадниот генерал, Ференц Корум.
Инвестициите на Коридорот 10 изнесуваат преку 300 милиони евра.
 
Двата тунела се пробиени, изградени се мостовите, потпорните ѕидови и пропустите, а сега се работи на асфалтирање на сите локации:
Автопатот од Кичево до Охрид, што се гради со пари од кинеската Ексим банка, треба да биде готов до 2018-та година. Се работи за исклучително комплексен проект, автопат со должина од 57 километри. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра.
-Интензивно се работи на неколку локации истовремено, со цел да се испочитуваат одредбите од договорот за изградба. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе бидат завршени половина од градежните работи“ – вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Автопатот Миладиновци – Штип, пак, е во должина од 47 километри и треба да биде готов в година. Оваа инвестиција е вредна 206 милиони евра, а со новиот автопат ќе се преполови  времето на патување од Скопје до Штип.
 
470 милиони евра со охридско – струшкиот регион
Во патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион се вложуваат околу 470 милиони евра. Најкрупна е инвестицијата во новиот автопат, но во планираните капитални проекти во овој регион влегуваат и новиот експресен пат Охрид – Пештани и Требеништа – Струга.
Во Македонија се врши обнова и на 200 километри регионални патишта за што се инвестираат меѓу 80 и 90 милиони евра.
 
Нови експресни патишта за подобра поврзаност
Со полна пареа се гради новиот експресен пат Градско – Прилеп. Се работи за делница од 33,5 километри, проект вреден 70 милиони евра. Целосната изградба треба да финишира за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп ќе остане како регионален. Во овој дел се работи и на потегот од Росоман до Градско во должина од 12 километри.
Во проектот за нови експрени патишта влегуваат и Штип –Кочани и Радовиш – Штип, клучни за источниот дел од земјава. Експресниот Штип – Кочани се финансира од ЕБОР и чини 53 милиони евра, а Радовиш – Штип е во должина од 40 километри и е вреден 64 милиони евра.
Веќе финишира изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково во должина од 26 километри.Нови патишта во источна Македонија
Во тек е изработката на проектната документација за рехабилитација на патните правци Куманово – Ст

Пронајдете не на следниве мрежи: