Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов денеска се во посета на Струмичко каде извршија изврши увид во градежните работи на регионалниот пат Мокрино – Смолари, во општина Ново Село.-Изградбата на овој пат беше едно од најголемите барања на жителите од овој регион, велам најголемо затоа што од една страна со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата кон Бугарија, а од друга страна ќе се поврзат десетина населени места, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Овој правец е со должина од 4 километри, а инвестицијата е вкупно 1, 2 милиони евра. До сега асфалтирани се околу 1 километар. Дополнително се работи на други земјени работи, генерално над 40% од градежните работи се завршени.
-Изградбата се одвива согласно утврдената динамика, очекуваме според договорот овој патен правец да биде завршен во август – септември. Генерално само во овој регион инвестициите во патната инфраструктура се над 16 милиони евра, изјави Мисајловски.
Тој нагласи дека покрај овој патен правец следната година ќе започнеме и со изградба на регионалниот пат од Старо до Ново Коњарево во должина од 4 километри и инвестиција 1.3 милиони евра.
Исто така, преку програмата на ЈП Македонија пат се врши реконструкција на регионалниот пат Струмица – Ново Село – Граница со Бугарија во должина од 10 километри и инвестиција некаде околу 1 милион евра. Оваа делница комплетно ќе биде завршена во 2017 година.
Се реконструира и регионалниот пат Попчево – Белотино – Рич во должина од 9 километри и инвестиција од околу половина милион евра. И овој патен правец планираме да биде завршен до 2017 година.
Стојанов изјави дека покрај асфалтирањето во тек се работи на земјени работи на пропусти и очекува патот да биде завршен согласно договорот. Тој најави и реконструкција на регионалниот пат кон граничниот премин со Бугарија.
Градоначалникот на општина Ново Село изјави дека овој патен правец е една од најзначајните инвестиции во општината која ќе придонесе за развој на туризмот.-Изградбата на овој пат беше едно од најголемите барања на жителите од овој регион, велам најголемо затоа што од една страна со изградбата на овој