Со јаболко, морков и целер до чисти и бели заби!

Основната хигиена на усната шуплина наложува миење на забите по секој оброк. Бидејќи не сме секогаш во можност по внесувањето на храна да употребиме четка за заби, можеме да посегнеме по природните забни чистачи.Грицкањето на одредено крцкаво и тврдо овошје и зеленчук предизвикува лачење на плунка која ги уништува бактериите и ги одржува забите чисти и здрави. Еве неколку намирници кои ги чистат забите:
ЈаболкоЈаболките содржат фосфор, калциум и флуор и спречуваат развивање на кариес. А докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четка делувајќи двојно – механички и физички.
МорковСо џвакање на морков се стимулира создавањето на плунка, која помага во отстранувањето на остатоци на храна. Освен тоа, влакната од морковот делуваат како четка за заби.
ЦелерЦелерот ги штити забите на два начина. Џвакањето на целерот предизвикува лачење на материја која ги неутрализира бактериите кои што предизвикуваат кариес. Исто така оваа намирница со џвакањето продира помеѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната шуплина.Грицкањето на одредено крцкаво и тврдо овошје и зеленчук предизвикува лачење на плунка која ги уништува бактериите и ги одржува забите чисти и

Пронајдете не на следниве мрежи: