Со капацитет од седум седишта Atlas е најголемиот модел на Volkswagen

По прилично голема кампања за загревање, Volkswagen конечно го покажа новиот Atlas со три реда седишта.За разлика од Tiguan и Touareg, кои се произведуваат во Мексико и Европа, Atlas е првиот и најголем CUV, кој ќе се произведува во фабриката на компанијата во Чатануга, Тенеси, застанувајќи рамо до рамо со Passat.
При должина од 5,03 метри, ширина речиси 2 метри (1,97 метри) и висина од 1,76 метри, новиот Atlas е поголем од Touareg (4,79 / 1,94 / 1,73 м ). Тоа природно влијае на поголем простор во внатрешноста, каде што има место за седуммина патници.
Сѐ уште недостасуваат специфики по ова прашање, а во моментот се знае дека моделот има „иновативно решение за виткање на вториот ред седишта“, обезбедува лесен пристап до седиштата од третиот ред.

Најимпресивната карактеристика на ентериерот се нарекува Volkswagen Digital Cockpit. Моделот има 12,3-инчен дисплеј, а не традиционален аналоген прибор во екраното пред возачот.
Патниците го имаат системот Volkswagen Car-Net кој дава пристап на корисниците до широк спектар на услуги за поврзување на возилото. Ова вклучува Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink. За најдобро искуство се грижи 12-каналниот Fender Premium Audio System со 12 звучници и 480 ватен засилувач.
Моделот е изграден на модифицирана платформа MQB. За погонот ќе се грижи 2.0-литарски TSI турбо двигател со моќност од 238 КС. Ќе се нуди и 11-годишниот 3,6-литарски VR6 мотор со неговите 280 КС.
Двата мотора се поврзани со 8-брзински автоматски менувач што ја пренесува моќноста на предните тркала (со 2.0-литарски мотор), или управување со четирите тркала (3,6-литарскиот).
Пред публиката Volkswagen Atlas ќе се појави на 18 ноември, кога започнува Саемот за автомобили во Лос Анџелес.
За разлика од Tiguan и Touareg, кои се произведуваат во Мексико и Европа, Atlas е првиот и најголем CUV, кој ќе се произведува во фабриката на комп

Пронајдете не на следниве мрежи: