Горан Пандев, македонскиот фудбалски интернационалец, решил да покрене тужба спрема една туристичка агенција во Италија, поради тоа што жена вработена во агенцијата ја злоупотребила неговата кредитна картичка.Како што известуваат италијанските медиуми, со картичката на Пандев биле плаќани патувања на други лица без негово знаење и тој бил оштетен за 6.300 евра. Заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано покренал истрага во која осомничена е само една жена за поткраднувањето на македонскиот фудбалски репрезентативец и тоа во периодот од 2004 до 2009 година, кога Пандев играше за Лацио.
Таа жена од агенцијата го имала кодот на картичката на Пандев и со неговите пари плаќала патувања и авионски билети до Париз, Милано, Франкфурт, Амстердам и до Глазгов.
Случајот го открила банката на Пандев, која забележала дека недостигаат пари на неговата сметка, но и дека имало чудна исплати, па го информирала за тоа, а тој решил да покрене тужба.
Информациите на италијанските медиуми велат дека, со парите на Пандев биле купувани авионски и железнички билети на играчи од други тимови, па дури и на членови од нивните семејства.Како што известуваат италијанските медиуми, со картичката на Пандев биле плаќани патувања на други лица без негово знаење и тој бил оштетен за 6.30