Со кое право Заев се договара да ги менува историските учебници?

СДС не е опозиција и треба да му одговори на македонскиот народ околу дилемите кои го вознемируваат по вчерашниот настап на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Што има прифатено Зоран Заев?
Чиј е Цар Самоил? Доколку ова прашање е историско и доколку на ова прашање не треба да одговараат политичари, туку историчари, со кое право Заев се договара да ги менува историските учебници?
Дали СДС ги консултираше историчарите во однос на прашањето на заедничка историја?
Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Дали Зоран Заев се договорил високите бугарски претставници да дојдат на Илинден за да ни го честитаат празникот како гости или тие доаѓаат на заедничка прослава без признанието дека Илинденското востание е автохтоно и македонско.
ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање како што е склучувањето на договорот со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија.
Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише.
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против странски високи претставници да ни го честитаат националниот празник. За нас нема ништо спорно високи гости да присуствуваат како гости, но мора да се знае дека Илинденското востание е автохтоно и македонско. На Илинден се удрени темелите на македонската држава.Што има прифатено Зоран Заев?
Чиј е Цар Самоил? Доколку ова прашање е историско и доколку на ова прашање не треба да одговараат политичари,

Пронајдете не на следниве мрежи: