Со кои фризури ќе изгледате послабо?

Степенаста фризура ќе придонесе лицето да ви изгледа подолго и послабо, а пожелно е да избегнувате боб фризура и густи шишки за да не добиете ефект на полно и бускасто лице.Ја постигнавте посакуваната тежина (или сте на добар пат за да успеете), се храните здраво, добро спиете и вежбате. Но на лицето се уште не изгледате онака слабо како што се чувствувате. Не се секирајте! Ќе ви претставиме неколку совети за тоа каква фризура можете да направите која ќе ви помогне лицето да ви изгледа послабо.
Степенасто
Долгата степенаста фризура може да ви го продолжи лицето. Прамените не смеат да бидат прекратки ниту прешироки. Водете сметка при шишањето на витканата коса затоа што локните се креваат нагоре, па прамените на крајот можат да излезат многу кратки.
Косата која паѓа до рамена обично добро им стои на голем број жени. Исто како и кај облеката, структурата и должината на вашата коса може да ви оди во прилог.
Секоја промената е добра
Ако некое време не сте ја промениле фризурата, пронајдете фотографија со нови и тренди фризури и отидете кај вашиот фризер. Лоша фризура може да направи да изгледате постаро дури до 10 години.
Кога сакаме да го подобриме сопствениот изглед, секогаш бараме најбрз начин за да ја постигнеме таа цел. Дури и најмалата промена на фризурата може да резултира со подобрен изглед.
НЕ за традиционалната боб фризура
Со одредени видови на боб фризурата може да оставите впечаток дека сте малку буцкасти. Ако сакате лицето да ви изгледа послабо, носењето на боб фризура која го оцртува вашето лице ќе допринесе да делувате округлесто. Боб фризурите кои имаат должина до брадата даваат волумен на главата и лицето ќе делува пошироко. Кога косата има еднаква должина лицето исто така делува пополно. Меѓутоа, можете да размислите за асиметрична боб фризура која ќе биде кратка позади, а долга спрема лицето.
Шишки
Долги шишки или оние на страна се одлични за прикривање на високо чело. Густите и рамни шишки ја намалуваат должината на лицето. Држете се до поретки шишки на страна затоа што тие ќе го омекнат овалното лице и ќе ги истакнат јаболкниците.
Избегнувајте пирамида
Додајте волумен на врвот од главата. Тоа ќе го сврти вниманието на вашите очи и чело. Рамната коса на врвот или “пирамидата“  на глава нема да допринесе до посакуваниот ефект за послаб изглед.Ја постигнавте посакуваната тежина (или сте на добар пат за да успеете), се храните здраво, добро спиете и вежбате. Но на лицето се уште не изгледа

Пронајдете не на следниве мрежи: