Со кои игри пораснаа децата од 90-тите?

Доколку сте дете од 90-тите веднаш ќе се присетите на игритe  на кои денес сакаме да ве потсетиме.Дали и вие бевте од оние деца што се решаваа со лист- камен-ножички? Доколку одговорот е „ДА“ сигурно помните колку беше интересно одлуките да се носат со помош на оваа игра. Исто така уживавме играјќи ластик, џамлии, граница и многу други.
Постојано купувавте чипсови и други грицки во кои се паѓаа жетони. Истите жетони подоцна се разменуваа на улица и со нив се играа игри…натпревари.. победи и порази…

Од друга страна секој од нас имаше барем еден чипичан и стануваше рано за да го најаде. Исто така се проверуваше на секој 5 минути за да не му се случи нешто.
Дали за време на летниот распуст омилената игра ви беше прскањето со вода. Никој не плачеше што дома си одеше жива вода ( ако воопшто некој си одеше пред да се стемни). А навечер уживавте во играта „жмурка“ каде единствена цел ви беше да не ве пронајдат.
За разлика од децата кои денес единствено знаат да играат игри на компјутер, ние со задоволство станувавме во 8 часот за да ги гледаме Том и Џери. За разлика од нив ние уживавме слушајќи музика од нашите касети а тие денес слушаат музика само прек Јутјуб.
Се надеваме дека ве навративме бар за момент во вашето детство и ви разбудивме убави спомени?Дали и вие бевте од оние деца што се решаваа со лист- камен-ножички? Доколку одговорот е „ДА“ сигурно помн

Пронајдете не на следниве мрежи: