Откако се завршија изборите заклучно со прегласувањето во Теарце, беа потврдени досегашните статистики, односно дека ВМРО-ДПМНЕ останува со 51 мандат, наспроти опозициски СДСМ со 49 мандати.Во предизборниот период дојде до бројни кривични прекршоци за кои допрва треба да се сноси одговорност, пред сѐ поради пласирање лажни информации, создавање тензична атмосфера и подгревање на граѓани за можни судири.
Во пресрет на тоа, опозициската партија не бираше средства со кои ќе ја излаже јавноста и се послужи со секакви методи за да се обиде да ја зацементира својата положба во Собранието (по можност со остварување мнозинство преку вршење притисоци).
Јавноста сведочеше на обиди за агитирање, поткупување, па дури и насилство за да се смени исходот од изборите. Ова се докажа и на последното прегласување откако Шилегов се обиде да поткупи гласачи во Теарце. Секако, имаше пријавувања на нерегуларности во Куманово и Струмица.
Во дијаспората Заев отворено ја стави Македонија „под кирија“ за албанските интереси, ветувајќи опасни мерки за уривање на суверенитетот и интегритетот на државата.
Криминалните сценарија пропаднаа, но партијата и нејзините коалициони партнери не се откажаа од криминалот како занимање.
Имено, според засега непотврдени информации од МВР, дознаваме дека во Србија беше уапсен гостиварчанецот Џ.В. кој бил фатен со дрога од страна на полицијата.
Уапсениот е член на ПЦЕР на Самка Ибраимовски, човек кој важи за близок соработник со СДСМ.
Оттука се наметнува прашањето дали со нелегални активности се финансираше кампањата на оваа партија, а воедно се потпомагаше и влијаењето врз дијаспората со пари стекнати преку нелегални активности.
Интересна е коинциденцијата што овој маж е уапсен откако Оливер Спасовски го одработува последниот ден во функција на министер за внатрешни работи.
Останува да се разоткрие колку вакви криминални активности се случиле со негово знаење и дали допрва јавноста ќе дознае на каков начин се обидоа послушниците и членовите на СДСМ нерегуларно да ја поништат волјата на македонските граѓани.Во предизборниот период дојде до бројни кривични прекршоци за кои допрва треба да се сноси одговорност, пред сѐ поради пласирање лажни информации,