Започна сценариото на СДСМ за насилно превземање на Собранието. Што сака да скрие СДСМ од народот и зошто се обидува да ги замолчи пратениците пријавени за расправа?На самиот почеток на продолжението на конститутивната седница Оливер Спасовски од СДСМ спротивно на собраниската пракса и деловникот, побара од претседавачот Трајко Вељановски да ја прекине третата точка со која што треба да се донесе Комисијата за прашања на избори и именувања и да се премине на точката за избор на Претседател на Собранието во случајот Талат Џафери кој што е кандидат од СДСМ и ДУИ.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека преку овој начин СДСМ започна да врши политичко насилство врз Собранието и дека на овој начин не се дозволува да се искористи правото на збор кое што е едно од најдемократските права на пратениците. Димовски нагласи дека според Деловникот не може да се премине на ниту една друга точка се додека не се заврши и не се исцрпи точката која што трае и за која што се расправа.
– Пред да заврши расправата по третата точка не може да се премине на изборот на претседател на Собрание. Секогаш се бирала прво комисија, а потоа претседател, додаде Илија Димовски.
Сакајќи СДСМ да ја прекине третата точка за која што се расправа очигледно нема да бира средства и нема да ги почитува правилата и досегашната пракса за да може да го испорача се она што Зоран Заев го ветил на албанските партии во Тиранската платформа.На самиот почеток на продолжението на конститутивната седница Оливер Спасовски од СДСМ спротивно на собраниската пракса и деловникот, побара од пре