Моторите со внатрешно согорување заминуваат во историјата, а на нивно место пристигнуваат ласерските погонски системи. Барем така тврдат од компанијата „Шевролет“, која го претстави концептот на тркачкиот автомобил Chaparral 2X Vision Gran Turismo (VGT).Овој концепт беше направен за видео играта „Gran Turismo 6“, но стана дел од стварноста
Амбициозен концепт
– Овој концепт е храбра и амбициозна визија, но ѝ демонстрира на нашата публика како нашите инжинери и дизајнери ги пробиваат нормите и ја испитуваат технологијата на иднината – рече Клеј Дин, извршен директор за напреден дизајн во „Шевролет“, на вчерашното претставување на автомобилот.
Френк Соседо, кој го надгледуваше тимот за развој, вели дека овој автомобил е дело на фантастиката.
Со ласерот со сила од 671 киловат, кој го напојуваат литиум-јонски батерии, генераторот создава потисок од 900 коњски сили, па се очекува Chaparral да достигне брзина од 440 километри на час, како и да забрзува од 0 до 100 km/h за 1,5 секунди. Лесното возило има новитет и за положбата на возачот – тој лежи со лицето свртено надоле. За да се олесни возењето, возилото нема контролна табла, туку таа самата се проектира во кацигата.
Лет над површината
– Во одредена смисла,Chaparral 2х VGT е повеќе како костим со заштита за возачот, со чија помош буквално лета над површината – рече Соседо.
Системот за погон на автомобилот е инспириран од технологијата за вселенски патувања. Тој има ласерски систем за погон кој исфрлува светлина, а таа пак создава бранови кои можат да создадат силен потисок за лесни тркачки возила.Овој концепт беше направен за видео играта „Gran Turismo 6“, но стана дел од стварноста
Амбициозен концепт