Со музика се тренира скоро 15 проценти подобро

Рапот одговара за темпото на трчање кај повеќето луѓе, за Данците најприкладен е за тренинг на силата, а поп музиката за загревање и истегнување, покажало истражувањето.Откако проучиле повеќе од 6,7 милиони компилации за вежба на телото, експертите пронашле идеална музичка подлога за тренинг. Поп листата на песни кои најмногу влијаат на вежбањето се темели на нивната популарност но и нивното темпо, стил и стихови.
„Музиката на несвесно ниво ги поместува границите на издржливост во текот на тренингот и го поттикнува вежбањето. Вежбањето со музика ќе ве натера да претрчате некој километар повеќе или да направите поголем број повторувања на некои вежби. Со тоа, музиката мотивира и го крева расположението“, вели Ива Вратиќ, професорка по кинезотерапија.
Тоа го покажало и истражувањето на Универзитетот Бурнел – кога ќе ги синхронизирате движењата со ритмот и ќе го засилите интензитетот на тренингот со тоа што сте одбрале побрза песна, тоа ќе го појача интензитетот на вежбите, а нема да забележите дека тренирате понапорно. Мотивационата плејлиста може да ви помогне да ги замаскирате симптомите на замор.
Мажите и жените бираат различна музика – додека оние кои креваат тегови со темата од филмот „Роки“, жените ќе ги одберат најновите хитови на Ријана или Лејди Гага. Освен разликата во полот, истражувањето покажало и дека секој жанр не оди со секој стил на на вежби. Така рапот е најдобар за трчање, додека поп музиката е нјприкладна за тренинг. Во рапот просечниот број на удари во минута е помеѓу 75 и 95,што најдобро одговара на темпото за трчање кај повеќето луѓе. Поп музиката е совршена за поспори видови на активности, а тоа вклучува и загревање и ладење. Поп музиката е најдобра за време на тренинг поради брзиот и ритмичен бас, а рокот треба да се избегнува кај активности од висок интензитет бидејќи честите промени во темпото на музиката можат да влијаат и на ритамот на вежбите.Откако проучиле повеќе од 6,7 милиони компилации за вежба на телото, експертите пронашле идеална музичка подлога за тренинг. Поп листата на песни к

Пронајдете не на следниве мрежи: