Со најновата владина мерка се заокружува цел еден циклус во сточарството – модернизација на фармите, набавка на приплоден материјал, подобрување на генетскиот потенцијал и повисоки приноси, на млеко, месо, волна,…, сметаат експертите.Како што изјави денеска професорот Владимир Џабирски од Катедрата за сточарство при Факултетот за земјоделски науки и храна, државната поддршка од 80 проценти за набавка на квалитетен приплоден материјал за овци, кози и говеда, следствено, ќе се одрази и врз финансиските резултати на фармерите.
Според Џабирски, ова е респектибилна сума средства за набавка на квалитетен приплоден материјал, овци, кози, говеда, која пополнува голема празнина во системот – обртниот капитал, уште една од политиките за развој на сточарството, комплементарна со останатите мерки, која воедно дополнува и други од програмите за финансиска поддршка и за рурален развој, како и од ИПАРД Програмата.
– Во сите стратегиски документи на оваа Влада стои промена на генетскиот потенцијал што е прилично тешка задача со оглед на слабата кумулативност на сточарскиот сектор. Оттука, заедно со претходната мерка за специјализирани советодавни служби за фармерите, ќе имаме заокружена целина – од модернизација на фармите, набавка на приплоден материјал, подобрување на генетскиот потенцијал на добитокот, до повисоки приноси на млеко, месо, волна,…. Мерката, секако, ќе се одрази и на финансиските резултати на фармерите, потенцира професорот.
Подвлекувајќи го позитивниот ефект од оваа мерка, Џабирски посочи конкретен пример.
– Кога од ИПАРД би се добиле средства за нови, современи фарми, фармерите, со оглед на слабата кумулативност и можности за вложување, остануваа без пари да ги гарантираат следните вложувања – набавка на квалитетен приплоден материјал, зашто ниту една програма тоа не го предвидува. Токму тука оваа мерка го наоѓа своето место, заедно со останатите мерки, појасни професорот.
Со мерката која викендов ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а која би стапила на сила од јануари идната година, предвидено е Владата да покрие 80% од трошоците за набавка на високоприносен добиток, со кој не само што ќе се подобри квалитетот на производството и одгледувањето на добиток, туку за неколку пати ќе се зголеми заработувачката на сточарите и оние кои планираат да се занимаваат со сточарство.
Од она што до сега е регистрирано во Македонија најчесто автохтоните раси се како вие што имате, за кој што просекот во Македонија е 3.000 литри од една таква крава од 305 дена лактација во годината. Во новата програма предвидуваме една нова мерка со која што се предвидува да се помогне на сточарите и на оние кои што сакаат да бидат сточари да можат да набават високоприносрни говеда кои што во тие 305 дрна лактација ќе даваат по 8.000 литри млеко. И 80% од трошокот за набавка ќе го покрива државата до вредност на трошокот од 10 милиони денари. Тоа е огромна помош, рече Груевски.
-Се предвидува и за оние кои што одгледуваат крави за месо, замената на кравите да може да се направи со 80% Поддршка од државата Сега просекот во Македонија за да стигне кравата некаде до 500 кг, за да биде подготвена за колење и за продажба на месото потребно е во просек околу 18-24 месеци за да стигне до 500 кг и да биде спремна за кланица. Новите типови за кои што владата ќе дава 80% поддршка ќе може за 12-14 месеци да стигнат до 500 кг и да одат во кланица. Така што обртот ќе биде многу поголем и заработката многу поголема, појасни Груевски.
Финансиската поддршка од страна на државата за набавка на високо приносен добиток ќе почне да се применува од 1 јануари 2017 година преку Програмата за рурален развој. Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 100 милиони денари со кои може да се купат максимум 100 крави или 1.000 високо приносни кози или пак 800 високо приносни овци. Средствата ќе се доделуваат како неповратна финансиска помош, а право на користење ќе имаат сите одгледувачи на добиток запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Набавката на добитокот ќе се врши од признати одгледувачи на добиток.Како што изјави денеска професорот Владимир Џабирски од Катедрата за сточарство при Факултетот за земјоделски науки и храна, државната поддршка од