Петнаесет часа сите институции се во борба со отстранување на последи од силното невреме од невидени размери што не се памети долго време, со огромна количина на дожд, истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров по завршување на состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.-Седумнаесет животи потврдено е дека се загубени, во моментов добивме информација за дополнителни тројца со што бројката може да порасне на 20 и се надевам дека тука се застане. Сите институции од почетокот на оваа непогода се во постојана активност во борба со оваа природна стихија. Припадниците на МВР специјалните единици, припадниците на АРМ, ДЗС, општините, Градот Скопје, противпожарната бригада, Министерството за здравство преку преку итна помош се обидуваат да им помогнат на граѓаните. Над 1000 граѓани беа извлечени и им беше помогнато, беа во многу сериозна ситуација, а голем дел од нив и во животозагрозувачка ситуација. Институциите помогнаа оваа катастрофа да не поголема, истакна Тодоров.
Тој додаде дека од изутринава од 6 часот теренот се пребарува и со хеликоптери.
-Почнавме со ваква систематска активност со прочешлување на целиот терен. При овие пребарување беа најдени неколку починати лица во рамки на оваа бројка. Искрено сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба, до сите граѓани на Град Скопје. Фокусирани сме на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, обезбедување на сместување, храна, вода, испумпување на надојдената вода од поплавените куќи, потенцира Тодоров.
Нагласи дека договорено е да се отпочне со правење на комисии за проценка на штета која веднаш како се расчистува теренот, ќе врши проценки.-Седумнаесет животи потврдено е дека се загубени, во моментов добивме информација за дополнителни тројца со што бројката може да порасне на 20 и се