Монотонијата е најчест убиц на сексуалниот живот на паровите со долгогодишна врска. Иако се чини безизлезно, сепак, малку е потребно за здодевниот секс, да го замените со вистинско сексуално лудило!
Сексот кај паровите со текот на времето станува помалку возбудлив, а тие мислат дека треба се помалку да се грижат за својот изглед. Освен тоа, секојдневните проблеми, притисокот на работа и од сите други страни доведедува до занемарување на сексуалниот живот. Таа е нормална појава, но со мала помош повторно може да ја почувствувате магијата на оргазмот.
Двајцата партнери имаат право да уживаат
Па што ако имате неколку килограми повеќе, целулит на нозете или не сте се совршено издепелирани? Кога сте во кревет и водите љубов, на вашиот партнер не му е гајле ниту за неговите, ниту за вашите недостатоци.
Тогаш зашто вие да се грижите за тоа? Ниту неговото тело веројатно не е совршено. Мислите ли дека просечен маж со пивски стомак или со влакна на грбот ќе му смета добро да се забавува во кревет? Дефинитивно не, па затоа и вие не смеете да си го дозволите тоа!
Бројот на партнери не е важен
Експертите за секс стигнале до бројка (кој важи за целиот свет) дека жените во просек имаат околу четири сексуални партнери во нивниот живот. Без разлика дали вашиот број е поголем или помал, не сте светица. Најважно е да се чувствувате добро во својата кожа и секогаш да имаате кондоми со вас, додека бројот на поранешни партнери воопшто не е важен. Не треба да се грижите за вашето поголемо или помало искуство. Отпуштете се и уживајте!
Договорете ден за секс
Станува збор за совет кој навистина функционира. Договарање на време за секс може да изгледа како нешто што не е забавно, но понекогаш треба да се планира. Луѓето ги планираат работите, па зашто не би знаеле и вие?
Најдете време за секс
Со секс сесии ќе направите вашиот партнер повторно да го доживеете како љубовник, а не само како партнер или родител на вашите деца. Покрај тоа, чекањето на секс состанокот може да биде многу возбудлив и за двајцата, речиси возбудлив како и на самиот почеток. Состанокот може да го зачините со секси СМС или жешки јавувања.
Не мора да се однесувате како во порно филмовите
Вашиот партнер не очекува да направите апсолутно се што жените го прават во порно филмовите, па не треба да се чувствувате должна тоа да го правите! Денес постојат многу теории за тоа како жените треба да изгледаат или да се однесуваат за време на сексот. Вистината е дека вие со вашиот карактер и однесување сте успеале да привлечете вашиот партнер, а не некоја порно-ѕвезда. За време на сексот однесувајте се да ви е удобно и на двајцата, без притисок дека мора да изгледате или “стенкате” како порно глумица.
Користете лубрикант
Добриот лубрикант може да направи чуда и од обичниот секс. Ако не сте си поиграле со вакава работа, еве ви шанса. На пазарот постојат многу видови на лубриканти. Без разлика дали се на база на вода или силикон, треба да експериментирате за да дознаете кој најмногу ви одговара. Општото правило е дека ако имате чувствителна кожа, избегнувајте ги оние што загреваат, ладат или имаат вкус на овошје, бидејќи токму овие лубриканти ја иритираат кожата.
Извор: lady.mkМонотонијата е најчест убиц на сексуалниот живот на паровите со долгогодишна врска. Иако се чини безизлезно, сепак, ма