А.Д.(35) е ранета во рамо со огнено оружје откако во неа, без причина пукал нервозен возач додека таа возела по булеварот “12 февруари” во Ниш со пропишана брзина, јавуваат српските медиуми.Обидот за убиство се случил на 18-ти овој месец додека жената возела на кружниот тек. Од некаде во тој момент влетал “фиат стило” со поголема брзина и почнал да и свири.
Жената преминала на десна страна, а тој ја поминал по што извадил пиштол и пукал кон неа.
Жената имала голема среќа бидејќи куршумот удрил во лајсната од прозорецот на нејзината тојото по што се забавил и го сменил правецот, но ја погодил во рамото.
Жената која е мајка на две малолетни деца се уште е во шок од инцидентот.
– Постојано ми се враќа ужасната слика во глава. Се тресам кога ќе помислам што можеше да биде. Обично со мене ги возам и децата. Тој пукаше право во мене, сакаше да ме убие, раскажува преплашената нишлијка.
Возачот кој е осомничен за обид за убиство е во бегство но неговиот автомобил е идентификуван од снимките на безбедносните камери.Обидот за убиство се случил на 18-ти овој месец додека жената возела на кружниот тек. Од некаде во тој момент влетал “фиат стило” со поголема брзин