Конечно, научниците почнаа сериозно да ги сфаќаат жените. Тие измислија нова машина што ќе стави крај на менструалните болки засекогаш.Направата е наречена Livia и ги користи електромагнетните пулсирања за да ги запре сигналите што му се испраќаат на мозокот за да чувствува болка. Се што треба да направите е да ги прикачите двата сензори на долниот дел на стомакот и да ја вклучите.
Компанијата тврди дека направата е побрза од апчињата против болка, и може да трае со години. Професорот Бари Каплан објаснува како функционира: „Методот Livia се покажа како ефикасен во повеќе клинички истражувања и силно ја препорачувам на сите кои страдаат од менструални болки“.
Во моментов направата се уште е во фаза на финансирање, но бидејќи се собрани дупло од потребните пари, веќе можете да направите порачка за направата да ви стигне овој октомври. Бидејќи е прерано, се уште не можете да проверите дали функционира, но искуствата се позитивни и покажуваат дека направата е чекор во правилната насока.
Моменталната цена на направата е 85 долари, но се очекува малку да порасне по фазата на финансирањето на проектот.
Во прилог погледнете ја урнебесната реклама на Levia за да дознаете нешто повеќе за начинот на кој функционира.
Направата е наречена Livia и ги користи електромагнетните пулсирања за да ги запре сигналите што му се испраќаат на мозокот за да чувствува болка.