Со овие 5 фрази родителите им набиваат КОМПЛЕКСИ на децата

Повеќето родители сонуваат нивното дете во иднина да стане независна и успешна личност со силен карактер. Но, често пати се во дилема зошто израснале во личности, кои не можат да се справат со животот.
Родителите често пати се прашуваат како дошло до тоа.
Затоа, кога зборувате со своето дете внимателно избирајте ги зборовите и сфатете го ова сериозно. Следуваат ТОП 5 најважни фрази, на кои родителите треба да заборават еднаш засекогаш.
1. Кога бев на твои години, бев одличен ученик
За секое дете – родителите се луѓе кои знаат сѐ. Тие го формираат односот на детето кон светот околу него и самиот себе. Во фразата „Секогаш бев одличен ученик“, детето гледа конкуренција. Децата кои често ги слушаат ваквите фрази, целиот живот во семејството нешто докажуваат.
Од една страна, тоа е добро, но при тоа личноста остварува нешто не заради себе, туку за мајката и таткото. Тоа го прави со цел родителите да увидат дека детето е достојно за нив. Таквата личност, практично, никогаш не ги ужива своите права.
2. Не те сакам кога не си добар
После оваа фраза детето може да почне да се труди да се однесува добро. Но, притоа тоа ги отфрла сите свои потреби и желби и се обидува да ги задоволи туѓите очекувања. На родителите тоа им одговара, но на крајот идентитетот на детето останува скриен. Кога детето ќе порасне ќе се обидува на сите да им ги исполнува желбите и ќе живее под мотото „Сакам да ме сакаат, а за тоа морам да го направам она што другите го сакаат. Немам свои желби, но затоа постојат желбите на другите“
3. Тања на полугодие имаше петка, а ти четворка
Родителите го сакаат тоа што е најдобро за нивните деца. Но, таквите споредби се многу болно искуство за детето. Децата тоа го пренесуваат во нивниот повозрасен живот. На детето му е многу непријатно кога го споредуваат со некој друг. Во неговиот иден живот, таквите лица продолжуваат да се споредуваат со други, но не во своја корист. Оваа фраза нема да предизвика кај детето желба да стане подобро.
4. Немој да ме посрамотиш
Заради оваа фраза кај детето почнува да се развива комплекс. Тоа мисли дека тој е срамота, не само за мајката и таткото, туку и за другите. Децата сакаат внимание, но не знаат што да прават со него. Тие се кријат, се затвораат и стануваат загубени.
5. Не сакам да те видам и да те слушнам
Детето кое ги слуша овие фрази, живее со чувство на вина пред родителите, поради тоа што се чувствува дека им пречи за да живеат добро. Бидете внимателни со изјавите од ваков вид.

Родителите често пати се прашуваат како дошло до тоа.
Затоа, кога зборувате со своето дете внимателно избирајте ги

Пронајдете не на следниве мрежи: