Празниците поминаа и ви оставија како подарок неколку килограми повеќе. Не грижете се овие неколку трикови, сигурно ќе ги изгубите и тоа без многу воздржување.Ако сакате да ги изгубите наталожените килограми, а притоа на своето тело да му го дадете само најдоброто, не морате да гладувате, туку да јадете мудро. Дознајте како да изгубите по еден килограм неделно без скоро никакво одрекување.
Јогурт и овошје наместо десерт
Кога ќе почувствувате силна потреба за благо, не посегнувајте по колачите, туку потребата задоволете ја со здрав и сладок десерт. Одберете го вашето омилено сезонско овошје, очистете го и насечкајте на коцкички. Прелијте го со јогурт, добро промешајте и пуштете го да отстои. По желба зачинете го со лажичка мед. Овој десерт не е калоричен, а на вашето тело ќе му овозможи се што му е потребно. Или едноставно направете овошна салата која по желба можете да ја наросите со лажичка цимет или мед.
Црно чоколадо наместо колаче
Ако сакате да ги отстраните вишокот килограми, не казнувајте се со бегање од слатките. Љубителите на чоколади нема да бидат потиштени кога ќе чујат дека од време на време им е дозволена оваа слатка напаст. Ако почувствувате силна желба за благо, почестете се со 2-3 ковки црно чоколадо (кое содржи повеќе од 50 отсто какао). Црното чоколадо е вкусно и вашето тело го обожава, а не содржи голема количина на шеќер.
Тост наместо сендвич
Ако ви се јаде леб, оној бел и свеж заменете го со печиво од интегрални житарки, препечени во тостер. Сендвичот збогатете го со јајце, млечен намаз и зеленчук по желба, и уживајте во здравиот и вкусен појадок.
Риба наместо месо
Освен што е многу хранлива и здрава, рибата е лесно сварлива намирница која е сојузник во слабеењето. Два или повеќе оброци неделно збогатете со риба и на својот организам со тоа ќе му направите голема услуга. Ако сепак не можете да живеете без месо, црвеното месо заменете го со пилешки прсти.
Шарен зеленчук наместо компир
Компирот на многумина им е омилен прилог, но е преполн со скроб и јаглени хидрати, па во комбинација со месо или риба не е најдобар сојузник за слабеење. Наместо пире или друг вид на пржен варен компир, направете си зготвен зеленчук по желба, што не само што е вкусно, туку организмот полесно го вари.
Млечен намаз наместо кашкавал
Сирењето и кашкавалот се гурманска напаст, но поголема количина од оваа вкусна намирница може да биде многу калорично. Ако ви се пријаде сендвич, кашкавалот заменете го со млечен намаз со кој секако во телото ќе внесете помалку калории. Ако сакате да ги изгубите наталожените килограми, а притоа на своето тело да му го дадете само најдоброто, не морате да гладувате, туку да јадете м



