Со овие намирници може да ги прочистите белите дробови од никотин

Одредени намирници можат да помогнат при прочистување на органите за дишење. Запомнете дека белите дробови не можете целосно да ги исчистите со консумирање на овие намирници, но барем во одредена мера можете да се ослободите од токсините и со самото тоа да ја намалите шансата за добивање рак.Имајќи го ова на ум, ви донесуваме список од неколку намирници кои ќе ви помогнат во чистење на белите дробови од отрови.
Шеќерна пченка
Оваа намирница содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карцином, бидејќи претставува моќен антиоксиданс. Од друга страна, имајте на ум дека поголемиот дел од овој вид пченка на полиците во продавниците е всушност ГМО, па консумирајте ја исклучиво онаа за чие потекло сте целосно сигурни.
Селен
Станува збор за навистина моќен антиоксиданс кој може да се најде во разни видови риба како што се туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото месо, јајцата и житарките.
Кромид
Кромидот и лукот содржат состојки кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага при спречување на многу болести, меѓу кои се инфекција и рак на белите дробови. Интересно е и дека кај лицата кои веќе имаат карцином, го спречува растот на нови клетки на ракот.
Ѓумбир
Ова е уште едно моќно средство за исфрлување на токсини од белите дробови. Може да пиете чај од корен од ѓумбир со што ќе си го олесните дишењето, а може да изедете и малку ѓумбир со оброк.
Портокали
Освен што се извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно делува против рак на белите дробови.
Коприва
Ова растение е преполно со железо, а многу е корисно и како средство за дезинфекција на белите дробови и помага во борбата против инфекции.
Чај од борови иглички
Овој чај традиционално се користи за плакнење на уста и грло, но може да биде и добар сојузник во борба против рак на белите дробови, како и за превенција.Имајќи го ова на ум, ви донесуваме список од неколку намирници кои ќе ви помогнат во чистење на белите дробови од отрови.
Шеќерна п

Пронајдете не на следниве мрежи: