Да водите активен, а притоа и здрав живот воопшто не е лесно. Ова динамично време наметнува поинаков ритам за сè. Меѓутоа, еве неколку совети кои ќе ви го олеснат патот до здраво тело.1. Секојдневен тренинг – Изберете си одредена вежба и имплементирајте ја во вашата рутина. Ќе имате забележителни резултати и без да одите редовно во фитнес-центар. Покрај тоа и: користете ги скалите наместо лифтот, по ручекот излезете на прошетка и немојте да ги избегнувате куќните обврски.
2. Гответе за викенди – Брзата храна заменете ја со домашноподготвени оброци. Со оглед на тоа што во текот на работната недела имате помалку време, викендот е период за опуштање, семејна атмосфера и здрава храна. (Можете да ѕирнете во нашата ризница со рецепти; секоја сабота ви предлагаме ручек, а секоја недела – појадок)
3. Домашното милениче како тренер – Ако имате простор, набавете си миленик. Не само што се мили и слатки, туку делуваат врз крвниот притисок, го смалуваат нивото на стрес и ве поттикнува да бидете физички активни кога сака да го прошетате.
4. Ментална активност – Читајте, решавајте крстозбори, посветете го слободното време на енигматски загатки. Така го намалувате ризикот од Алацхајмерова болест.
5. Јадете бавно – Така ќе избегнете прејадување и нема да го преоптеретувате дигестивниот систем.
6. Овошје и зеленчук – Меѓу намирниците што ги купувате, задолжителни се овошјето и зеленчукот. Раздвижете се до околната продавница и набавете ги.
7. Спијте доволно – Осум часа сон го намалува ризикот од срцеви болести, ја чува меморијата, го продолжува животот, го намалува стресот и анксиозноста.1. Секојдневен тренинг – Изберете си одредена вежба и имплементирајте ја во вашата рутина. Ќе имате забележителни резултати и без



