Често во летно време, поради високите температури, шминката може да ви се уништи. Но ние имаме корисни трикови кои ќе ви помогнат да го спречите тоа!1. Убавото време носи потемен тен, а со самото тоа, неправилностите на лицето помалку се гледаат, па е вистинско време да се ослободите од тешките пудри и да се префрлите на некоја со полесна текстура и матирачки ефект.
2. Златно правило – пред нанесување на течна пудра, почекајте барем 10 минути за кожата добро да ја впие хидратантната крема.
3. Купете воодотпорна маскара и молив за очи.
4. Наместо камена пудра, користете транспарентна пудра во прав.
5. Секогаш со себе носете марамчиња за впивање на маснотиите од кожата.
6. Во текот на летните денови, можат да се појават мозолчиња поради потење. За да го спречите тоа, користете антибактериски лосион.
7. Користете стик руменило, кое нема да се размачкува.
8. Под сенката секогаш нанесувајте тенок слој прајмер или коректор.
9. Сјајевите за усни, заменете ги со мат кармини.
10. Обавезно купете нов коректор, во потемна нијанса.1. Убавото време носи потемен тен, а со самото тоа, неправилностите на лицето помалку се гледаат, па е вистинско време да се ослободите од тешките