Доколку сте се запрашале како да ги одржите бананите свежи, постојат неколку мали трикови кои загарантирано ќе го успорат нивното пребрзо созревање.Бананите, како и многу други видови овошје, испуштаат етилен, гас кој го забрзува нивното дозревање и предизвикува кафени дамки. За да го спречите овој процес, краевите на бананите замотајте ги во фолија за да го пречите ширењето на етилен.
За најдобар ефект бананите прво раздвојте ги и замотајте ги секоја посебно.
Еве уште неколку совети за чување на бананите:
1.Можете да им ги отсечете дршките и таа страна да ја намокрите со некоја киселина, на пример оцет или лимонов сок.
2. бананите држете ги одвоено од останатото овошје бидејќи етиленот кој го испуштаат влијае и на другото овошје.
3. Бананите чувајте ги на собна температура, а доколку сакате да го спречите нивното созревање, ставете ги во ладилник. Дури и ако се веќе зрели и кората е потемнета, самиот плод би требало да остане вкусен.
4. Доколку сакате да го забрзате зреењето на бананите, ставете ги во затворен сад со јаболко или некое друго овошје.
5. Бананите најдобро е да ги држите во корпа со дупчиња за да им овозможите проток на воздух.Бананите, како и многу други видови овошје, испуштаат етилен, гас кој го забрзува нивното дозревање и предизвикува кафени д



