Со ОВОЈ хороскопски знак, можете најдолго да останете во врска!

Кој хороскопски знак најдолго останува во врска?Овен
Овните се вљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со таа одлука и бегаат од неа, па тоа трае со месеци. Најчесто влегуваат во период на проценки и повторни состаноци и при тоа се обидуваат да ја оживеат страста во врската, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират на едно место. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш најчесто бараат нова љубов.
Бик
Биковите се верни како кучиња и тоа не во лоша смисла. Кога еднаш ќе запознаат некого се врзуваат и најчесто остануваат до крајот на животот, односно додека сексуалниот живот функционира. Ако страста испари или ако едноставно снема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто зад вашиот грб. Неверство никогаш нема да ја признаат, само поради врската која што трае за секогаш. Со други зборови и ако се неверни, нема да ве остават.
Близнаци
Близнаците и покрај клишето се верни и никогаш не ве напуштаат, но сакаат да ве тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што е повеќе можно луѓе. Само поради тоа остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе што не можат да го поднесат лутањето со поглед на машкиот Близнак, или заведувањето на женските припадници на знакот. Близнакот ќе го задржи интересот за вас само ако и вие го направите љубоморен. Така ќе останете во врска засекогаш.

 
Рак
Овој знак најмногу сака да и се предаде на една личност и да заврши со тоа. Не сака бучава, игри и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Сепак, можат да бидат многу љубоморни и несигурни, што често ги одбива луѓето што ги сакаат. Ретко морате да се грижите дали ви е овој знак верен, затоа што кога еднаш ќе се венчате, Ракот е ваш за секогаш.
Лав
Лавовите се многу внимателни пред да се заљубат. Може да поминат и недели пред да се продлабочи љубовта затоа што овој знак обожува игри и заведување. Кога ќе им се случи љубов, најчесто се многу страсни и предани, но само година-две. Луѓето родени во знакот на Лав имаат немирно срце кое ги прави моногамни, но немаат многу врски кои траат повеќе од една година.
Девица
Овој тврдоглав, практичен знак сака кусо додворување со малку секс. Всушност се работи за знак кој ќе се одлучи да се воздржи од секс пред бракот. Најверојатно и во бракот ќе избегнува секс. Многу Девици се наоѓаат во брак во кој многу ретко се консумира секс и во кој со години, особено жените, ќе замижуваат на неверствата на партнерот. Сè додека се во игра материјалните добра и сигурноста, како и угледот во друштвото, врските на Девиците долго ќе траат.

 
Вага
Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски затоа што во врските пред сè се пријатели. Сепак, лесно се ладат и се „запалуваат“, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со Вага ќе трае сè додека ја држите заинтересирана Вагата во кревет и сè додека и обрнувате доволно внимание.
Скорпија
Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знакови. Тие се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските по година-две се распаѓаат. Освен тоа, не му замерувајте на овој знак, без пардон ќе ве прободе во грб.
Стрелец
Ова е неодлучен знак кој што има проблеми со преданоста на една личност. Кога се долго на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со Стрелецот да трае со години, морате да му дадете доволно слобода. Можеби ќе морате да поминете и преку повремено неверство.

 
Јарец
Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка проследена со долготрајна фаза на додворување и не премногу секс пред брак. Овој знак исто така очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го достигне или добие, останува со партнерот долго време. И сексот и децата преставуваат начин на кој ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарците најчесто значи и раскинување.
Водолија
Ова е многу немирен знак кому му е проблем да остане со некого подолго од два дена. Животот го збогатуваат со разноликост. Не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа веднаш да изгубат интерес. Најдобра шанса да поминете подолго време со една Водолија е да го стимулирате нејзиниот интелект така што никогаш да не и биде досадно. Пожелно би било да сакате да патувате.
Риби
Рибите се еден од најверните и најпосветените знакови. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. Иако се работи за морален знак, неверството не им е непознато, но тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Рибите се тие што ќе се венчаат со средношколска љубов и ќе останат со неа до крајот на животот.Овен
Овните се вљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со таа одлука и бег

Пронајдете не на следниве мрежи: