Со помош на оваа храна, целулитот ќе го снема!

Наскоро ќе се покачат температурите, а ние ќе треба да ги извадиме летните алишта како што се кратките панталони, мини здолништата, а потоа и костимите за капење. Затоа време е да се подготвиме.Многу девојки и жени имаат проблем со масни наслаги и досадниот целулит. Без разлика каков задник имате, ако истиот има кожа како кора на портокал, тој воопшто нема да е привлечен.
Затоа дами, ве советуваме што да консумирате за значително да го намалите целулитот.
-За појадок изберете житарки, една рака шумско овошје, бидејќи е богато со антиоксиданси и ќе му помогне на телото да се ослободи од токсините.
-Праската и лубеницата содржат ликопен, силен антиоксиданс кој ја поттикнува циркулацијата, со што се отстранува целулитот.
-Јаболката се богати со влакна, имаат малку калории и содржат пектин, кој помага при детоксикација на органите за варење.
-Портокалот, лимонот и цитронот се богати со витамин С, важен за производство на колаген и антиоксиданси, што ги штити клетките од штетните слободни радикали.

-Јадете една до три порции брокула неделно, бидејќи овој зеленчук е богат со витамини и минерали кои благотворно делуваат на убавината, а содржи и алфалипоинска киселина – па го поттикнува производството на колагенот и го спречува создавањето на целулитот.
-Лукот е исклучително корисен, кој освен што делува како природен антибиотик, ја забрзува циркулацијата и излачувањето на акумулирани токсини.
-Доматите содржат витамин С, кој стимулира производство на колаген и ја прави кожата цврста, како и ликопен, кој го спречува задржувањето на течностите.
-Цвеклото освен ликопен содржи и витамин Е, неопходен за здрава кожа, како и витамин А, кој го стимулира производството на колаген.
-Зелката, аспарагусот и краставицата имаат диуретски својства, кои ги отстрануваат токсините, го стимулираат крвотокот и го исфрлаат вишокот вода од организмот.Многу девојки и жени имаат проблем со масни наслаги и досадниот целулит. Без разлика каков задник имате, ако истиот има кожа како кора на портокал,

Пронајдете не на следниве мрежи: