Ако имате навика да јадете навечер и тоа многу и нездраво, еве некои совети кои би требало да ги прифатите и да се обидете да ги промените животните навики кои не ви се од корист.Јадете повеќе
Немојте да гладувате цел ден, затоа што поради последицата од гладот, вечерта ќе јадете повеќе отколку што би смееле. За појадок и ручек јадете оброци полни со протеини, влакна и зеленчук, секако е поздраво од разните грицки. Ако чекате до вечерта за да јадете, вашето тело ќе го ставите во стресна позиција да „бара“ храна богата со шеќер за да го врати нивото на инсулинот во нормала.
Активирајте се
Вежбањето ќе ви помогне во согорување на калориите и го забрзува метаболизмот. Ова ќе ви помогне да јадете повеќе во текот на денот, а исто така ќе ви го подигне нивотот на ендорфин така што нема да имате потреба за грицкање храна навечер за да го подигнете расположението. Задолжително јадете пред и после секое вежбање за да го одржите нивото на шеќер во нормала.
Хранете се поздраво
Кога јадете нездрава храна, телото ќе почне се повеќе и повеќе да ја бара, така да свртете го процесот и почнете да се храните поздраво. Многу луѓе ги јадат грицките ноќе баш поради тоа што организамот е навикнат на тој режим на исхрана во текот на остатокот од денот. Јадете повеќе овошје и зеленчук па набрзо ќе почнете се почесто да јадете поздраво.
Спијте подолго
Недостатокот на сон не е добар поради многу работи, а една од нив е и таа што рапидно го зголемува апетитот така што не лачи доволно инсулин и лептин. Намаленото лачење на овие два хормони може да доведе до тоа да помислите дека сте гладни кога не сте, а ноќе ретко кој одлучува да јаде салата бидејќи тука се сите тие грицки полни со шеќер. Како би го избегнале сето ова, обидете се да спиете барем по 8 часа.
Купувајте попаметно
Кога во продавница купувате намирници, обидете се да им оддолеете на искушенијата и купувајте колку можете повеќе здрава храна- помалку слатки, грицки, а повеќе зеленчук, овошје и житарици. На тој начин кога го отворите фрижидерот за да барате храна нема да можете да се храните нездраво, единствена опција ќе ви бидат нискокалорични оброци полни со корисни состојки.Јадете повеќе
Немојте да гладувате цел ден, затоа што поради последицата од гладот, вечерта ќе јадете повеќе отколку што б



