Cayenne S E-Hybrid и Panamera S Е-Hybrid на VIP зелен тепих.GreenTec наградите, најпрестижните европски награди за животната средина и бизнис, повторно и во 2015 година е најголем „зелен“ социјално технолошки настан на годината. Поканетите гости ќе пристигнат на зелениот тепих со Porsche Cayenne S E-Hybrid и Panamera S Е-Hybrid. Производителот на спортски автомобил од Zuffenhausen уште еднаш е официјално возило на ВИП настанот кој ќе се одржи на 29-ти мај.
Додека последните две години гостите беа пренесувани до гала настанот исклучиво со Panamera S Е-Hybrid, од 2015 година Porsche на располагање го стави и спортско корисното возило Cayenne S E-Hybrid. Овој автомобил на пазарот беше лансиран есента 2014 година и со него Porsche ја потенцира својата единствена експертиза за plug-in хибридната технологија, ако на листата се додаде и 918 Spyder супер спортскиот автомобил, кој исто така има plug-in хибриден погонски систем, Porsche е првиот производител на премиум спортски автомобили во светот кои во својата гама има вкупно три plug-in хибридни модели.
Со 919 Hybrid, Porsche се претстави во 2014 година во Светскиот шампионат во издржливост, кој ја вклучува и легендарната трка „24 часа Ле Ман“. Производителот на спортски автомобили, за потребите на мотор спортот има мобилна тест лабораторија. Porsche својата комплексна технологија, не ја користи само за да остави свој печат на тркачките патеки, туку и да овозможи користење на најсовремената технологија во идните модели од производство. На тој начин од овие големи вложувања во мотоспортот се добива само еден победник: клиентот на Porsche.
Ефикасноста на моделите на Porsche:
Plug-in хибриди
Porsche Cayenne S E-Hybrid: комбинирана потрошувачка на бензин 3.4 l / 100 km; комбинирана потрошувачка на електрична енергија 20,8 kWh / 100 km; емисија на CO2 79 g / km; класа на ефикасност: А +.
Porsche Panamera S Е-Hybrid: комбинирана потрошувачка на бензин 3.1 l / 100 km; комбинирана потрошувачка на електрична енергија 16,2 kWh / 100 km; емисија на CO2 71 g / km; класа на ефикасност: А +.
Porsche 918 Spyder: комбинирана потрошувачка на гориво 3,1-3,0 l / 100 km; комбинирана потрошувачка на електрична енергија 12,7 kWh / 100 km; емисија на CO2 72-70 g / km; класа на ефикасност: А +.GreenTec наградите, најпрестижните европски награди за животната средина и бизнис, повторно и во 2015 година е најголем „зелен“ социјал