Дали предлогот на СДСМ за измени во Законот за медиуми е всушност борба на партијата со своите најголеми политички непријатели медиумите?Ова прашање се погласно се поставува во новинарските кругови откако утрово, лидерот на СДСМ Зоран Заев, јавно на прес конференција ги стави на тепет оние медиуми кои тој смета дека му се најголеми политички непријатели.
„Во моментов став на СДСМ и мој личен став дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио телевизија.“ – изјави денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.
По оваа изјава на Заев станува јасно зошто СДСМ инсистира на комплетно партизирање на Советот за медиуми и зголемување на дискреционите права на Претседателот на Агенцијата за медиуми кои би му дозволиле самостојно да одлучува и да може кога сака сам, без согласност на советот да им ја одземе лиценцата на телевизиите за емтиување програма.
И двете новинарски здруженија, МАН и ЗНМ реагираа на обидот на СДСМ преку измени во Законот за медиуми да им се спротивстави на своите “политички непријатели“
СДСМ останува на барањата за партиска контрола врз медиумите
СДСМ потврди дека останува на своите предлози со кои се воведува целосна партизација и тоталитаризам во медиумите. Првиот човек на Центарот за комукации на опзоициската партија вели дека иако нивните предлози не произлегуваат од европските искуства сепак се потребни предизборите во април.
„Секоја партија има свои преговарачки позиции и нормално дека зад предлозите што партиите ги дале веројатно стојат и другите, ние стоиме зад нашите предлози – сметаме дека на Македонија и треба целосно департизирање, демократизација и на регулаторните тела и на медиумската атмосфера, но исто така треба да се овозможат елементарни услови на 24 април да имаме фер и регуларни избори, а тоа значи медиуми коишто ќе информираат професионално, објективно, транспарентно – за тоа се залага СДСМ.“ – изјави вчера Поповски.
ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ се Сверна Кореја
За ВМРО ДПМНЕ овие предлози се неприфатливи и оценуваат дека се помалку демократски и од Северна Кореја.
ВМРО ДПМНЕ предлага широка општествена контрола на медиумите преку зголемување на бројот на претставници на новинарските здруженија во Агенцијата за медиуми и Советот на МРТВ. По еден претставник би имале и Комисијата за заштита од дискриминација, МПЦ, ИВЗ и шефот на државата. Во советот на МТВ место ќе добие и синдикатот на новинарите од јавниот сервис.
Владејачката партија бара и намалување на казните за медиумите и новинарите и нивно усогласување со законот за прекршоци. Велат дека целта е да се поттикне саморегулацијата и да се спречи партиската контрола врз слободните медиуми.
„Мене ми е многу жал што еве цела една хајка и битка во која што СДСМ зборуваат за демократија и слобода се изложија на еден ваков срам со нивниот пристап и нивните барања за партизација на агенцијата, за партизација на македонската радио телевизија и за воведување на можност агенцијата да казнува со огромни казни како што предложија, со забрана на вршење на професија на новинар, со забрана за вршење на дејност на правните лица и тоа врз база на оценка на квалчитативни вредности на новинарството. Тоа за нас е апсолутно не прифатливо и не сакаме да разговараме во тој правец.“ – изјави вчера Илија Димовски
Доколку за СДСМ се неприфатливи нивните предлози, ВМРО ДПМЕ предлага да се избере било кој закон од Европската Унија и да се усвои и примени во Макеоднија. Од СДСМ нема конкретен одговор зошто би отфрлиле во земјава да се донесе закон усогласен со Европската Унија.Ова прашање се погласно се поставува во новинарските кругови откако утрово, лидерот на СДСМ Зоран Заев, јавно на прес конференција ги стави на тепе