Со протести одбележан денот на Мартин Лутер Кинг во САД

По повод Денот на Мартин Лутер Кинг џуниор, убиениот борец за човекови права и правата на црнците во САД, ширум Соединетите држави во понеделникот беше одбележан неговиот роденден истовремено со протести поради полициската бруталност и расизам кон малцинските заеднициМартин Лутер Кинг беше убиен во атентат во април 1968 година, а денес би имал 86 години.
Годинешново одбележување на неговиот роденден беше фокусирано на убиствата на невооружени црнечки момчиња во инциденти со бели полицајци, во прв ред на Ерик Гарнер, убиен во јули во Њујорк со забранет полициски зафат, а потоа на Мајкл Браун убиен исто така од бел полицаец ланскиот август во Фергусон.
Повеќе од 1.800 луѓе се гужва во Ебенезеровата баптистичка црква во Атланта во којашто Лутер Кинг порано ги држел своите говори, Некои носеа транспаренти со негови цитати, а други со натписи со реченици кои пред да бидат убиени ги изговориле Гарнер и Браун.
„Во овој момент гледам жолта лента со коишто се оградуваат местото, жолта лента со која во овој момент е оградена Америка и знаеме дека пред нас има уште многу работа“, изјави Гвендолин Бојд, директорка на државниот универзитет во Алабама, на што масата гласно изговор „амин“, пренесува Reuters.
Претседателот Барак Обама му одаде почест на Кин на потрадиционален начин, минувајќи го денот во работа со семејствата и пријателите на своите ќерки на проект на описменување во вашингтонско хуманитарно здружение.
Сојузниот празник во чест на Мартин Лутер Кинг, убиен во атентат во Мемфис на 4-ти април 1968 година, на 39-годишна возраст, првпат е одбележан во 1986 година, а Конгресот на САД во 1994 година го прогласи и за Национален ден на служење на заедницата.Мартин Лутер Кинг беше убиен во атентат во април 1968 година, а денес би имал 86 години.
Годинешново одбележување на неговиот роденден беше

Пронајдете не на следниве мрежи: