Со радост ќе појдам за христијанската вера

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, “ЖИТИЕ НА КОНСТАНТИН ФИЛОЗОФ КИРИЛ Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по име Лав, којшто заземаше чин на друнгариј под стратег (византиски воен заповедник потчинет на заповедникот на воената област-”тема”, н.б.). Тој беше правоверен и праведен… Живеејќи со својата жена, изродија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше Константин Филозоф, наш учител и наставник….“Бог милостив и штедар… Тоа го направи и за нашиот народ и ни го издигна овој учител што го просвети нашиот народ… А неговото житие, макар и накратко раскажано, покажува каков беше тој, па оној што сака, слушајќи го ова, ќе му стане подобен нему…
Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по име Лав, којшто заземаше чин на друнгариј под стратег (византиски воен заповедник потчинет на заповедникот на воената област-”тема”, н.б.). Тој беше правоверен и праведен… Живеејќи со својата жена, изродија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше Константин Филозоф, наш учител и наставник…
Кога го дадоа да се школува, напредуваше во учењето подобро од сите ученици… Па се зафати со наука, седејќи дома и учејќи ги напамет книгите на Григориј Богослов…
Кога дојде во Цариград, го дадоа на учител да го учат. Откако ја изучи сета граматика за три месеца, се зафати и за други науки. Кај Лава го изучуваше Хомера и геометрија, а кај Фотија дијалектиката и сите филозофски науки,… и реторика и аритметика, астрономија и музика…
…По ова Агарените, наречени Сарацени, започнаа да хулат на единственото божество на Светата Троица велејќи: „Како вие христијаните, признавајќи еден бог, го разделувате него на три велејќи дека се Татко, Син и Свети дух? Ако можете тоа да го про-толкувате јавно, испратете кај нас мажи што ќе можат да зборуваат за тоа и да неж убедат”.
Филозофот тогаш имаше 24 години. Царот свикувајќи собор, го повика и него и му рече: „Слушаш ли Филозофе, што зборуваат поганите Агарени против нашата вера? Ти бидејќи си служител и ученик на света Троица, оди и спротивстави им се…”
Кога го чу ова одговори: „Со радост ќе појдам за христијанската вера. Зашто има ли за мене на овој свет нешто послатко од тоа да живеам и да умрам за света Троица”?
…Мина малку време и Константин, одрекувајќи се од сеж на овој свет, се насели на едно место далеку од вревата на животот посветувајќи се сиот на самонабљудување… Туку се раздаваше на сиромаси предавајќи му ја грижата за себе на Бога, кој секој ден се грижи за сеж…            
Потоа се упати на Олимп кај брата си Методија и тука почна да живее, молејќи му се непрестајно на Бога и разговарајќи само со книгите.
Кај царот дојдоа пратеници од Хазарите и рекоа: „Отсекогаш знаеме само еден Бог кој е над сите… А пак Евреите неж наговараат да ја примиме нивната вера и обред, а Сарацените од другата страна, предлагајќи ни мир и многу дарови, неж тргаат кон својата вера… Затоа ви се обрнуваме вам, оти вие сте голем народ и ја држите царската власт од Бога, па барајќи од вас совет, ви се молиме да испратите од кај вас учен маж… Па ако ги надвладее во спорот Евреите и сарацените, ќе ја прифатиме вашата вера”.
Тогаш царот го побара Филозофот, и кога го најде му раскажа што рекле Хазарите и му рече: „Оди Филозофе, кај тие луѓе, па проповедај им и протолкувај им за Света Троица со нејзина помош. Оти никој друг не може тоа да го стори како што е достојно”. А тој му рече: „Ако наредуваш, господаре, за таква проповед со радост ќе појдам пеш и бос и без сеж, како Бог што им наредил на своите ученици…”
Климент Охридски, одбрани счиненија, ИИИ,Пространни житија на Кирил и Методи ред. Б.Ст.Ангелов и Х. Кодов, Софија 1973;
Д-р Иван Алексов
ДОКУМЕНТИЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007“Бог милостив и штедар… Тоа го направи и за нашиот народ и ни го издигна овој учител што го просвети нашиот народ… А неговото житие, мака

Пронајдете не на следниве мрежи: