Групацијата Триглав и во 2015 година доследно ќе ја спроведува дефинираната стратегија, фокусирајќи се на постигнување на солидна финансиска стабилност и безбедност во работењето. Во претстојната година групацијата планира 880 милиони евра консолидирана бруто полисирана осигурителна премија, што е приближно исто како и проценката на резултатите за 2014 година. Се предвидува нето добивка во висина од 72 милиони евра, а кобинираниот количник, со кој се мери успешноста во основната дејност на осигурување, се планира да достигне 96,3%. Компанијата проценува дека трендот на штетните настани во следната година ќе биде во согласност со трендовите од изминатите години.Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во Словенија и една од најголемите во Југоисточна Европа, проценува дека на нејзиното работење во 2015 година ќе влијае сложената економска ситуација на целните пазари. Таа пред сè се одразува во падот на побарувачката на осигурителни производи и растот на ризикот од ненеплатена премија, што наметнува поагресивен настап на пазарот. Се очекува дека обемот на поголеми поединечни штетни настани (поплави, град, бури и сл.) ќе се движи на нивото од минатите години, а повратот од инвестиции, којшто во 2014 година беше извонреден, според превидувањата во 2015 година ќе се стабилизира.
Стабилизација на растот на добивката
Планираната севкупна вредност на капиталот на групацијата Триглав, којашто е од голема важност за безбедноста на работењето, изнесува 713 милиони евра, односно 3% повеќе од првичната проценка за 2014 година. Планираната нето добива пред оданочување изнесува 86 милиони евра, додека пак нето добивката е планирана во висина од 72 милиони евра, значи 13% и 16% помалку отколку во 2014 година. Помалиот раст на добивката според плановите е последица на извонредно високиот поврат од инвестиции што компанијата ги оствари во 2014. година и кои според сопствените проценки нема да може да ги оствари во 2015 година. Поради исклучителните настани и прилики на пазарот на капитал, се проценува дека остврената добивка во 2014 година е далеку над планираното.
Со задржување на премијата на исто ниво се зајакнува улогата на пазарот
Во следната година групацијата планира 880 милиони евра консолидирана бруто полисирана осигурителна премија, која е приближно на исто ниво како и проценетата премија, полисирана во 2014 година. Основна цел на сите осигурителни компании во рамките на групацијата Триглав е зголемување на обемот на работењето и задржување на обемот на премијата, како и поголем профит од основната дејност кај секоја од компаниите. Во пристапот на пазарот ќе се нагласува квалитетот, едноставноста, транспарентноста и високиот стандард на сите услуги. Со цел зајакнување на положбата на пазарот, продажните активности уште поизразено ќе бидат насочени кон клиентите, како и кон развој и поголема ефикасност на сопствените и надворешните продажни канали. На подрачјето на ликвидација на штети групацијата ќе продолжи со унапредување на процесот на ликвидација со воведување на технолошки, процесни и организациски подобрувања.
Подобар комбиниран количник
Со оглед на појавата и обемот на масовните катастрофални штети (поплави, град, бури и сл.) групацијата Триглав проценува дека трендовите од изминатите години ќе продолжат и во 2015 година. Комбинираниот количник на групацијата, со којшто се мери успешноста на компанијата во основната дејност на осигурување, во 2015 година би требало да изнесува 96,3%. Тоа е за 1,3 процентни поени подобро од проценката за 2014 година. Групацијата Триглав и нејзините зависни осигурителни друштва и следната година ќе ги насочат своите напори кон натамошно подобрување на комбинираниот количник кај поединечните осигурителни компании, за на крајот на стратешкиот период тој да изнесува под 100% (вредност на комбинираниот количник под 100% значи дека компанијата е успешна во нејзината основна дејност).
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар за плановите на групацијата изјави: »Согласно стратешките насоки, групацијата ќе продолжи да се фокусира на својата основна дејност на осигурување, профитабилност и безбедност во работењето. На полето на осигурувањето ситуацијата и понатаму е несигурна и испополнета со предизвици, што се одразува и на нашите деловни планови. Свесни сме дека во реализацијата на истите треба да вложиме голем напор. Важно е ние во групацијата да разбереме каква е нашата положба на поедничните пазари и да ги искористиме можностите коишто ќе ги идентификуваме, па на тој начин постепено да ја развиваме својата улога како мрежен центар за осигурување во Југоисточна Европа«Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во Словенија и една од најголемите во Југоисточна Европа, проценува дека на нејзинот