Минатата недела од заседа се самоуби американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој има дипломатска задача државата да ни ја претвори во неодржлива фирма. За тие цели Стејт департментот распиша тендер на кој бизнисот им е доверен на неколку проверени локални фирми управувани од куртон-политичари.Тоа ќе беше вистинска бонбона-бизнис на обострано задоволство ако ќефот не им го растуреше непланирано непресметаниот жилав отпор на „валканиот“ рурален народ, кроткиот шеф на државата, кој умее да биде неочекувано (за оние што не го познаваат) одлучен и борбен, и ВМРО-ДПМНЕ, која и по десетгодишни континуирани опсади, с` уште не покажува знаци на внатрешен распад. За силите на хаосот што ги организираат ваквите дешавки на планетава, ова се исклучително лоши вести. Зашто ова е начинот на кој секој ден, на секоја нападната точка губат од лажно градениот кредибилитет и углед. Kога некој ќе загуби образ, тоа значи чест, достоинство, углед, е исто како да умрел. Живите не те есапат. Тоа им се случува и на царства, империи, ама и на политичари, деловни луѓе, интелектуални авторитети… Ги викаме паднати, односно демистифицирани митови.
Македонските политички феномени
Ова посебно треба да го имаат на ум истурените македонски политички фаци на пучираната ВМРО-ДПМНЕ, пред с`, Никола Груевски за кој не сме на јасно дали воопшто ќе продолжи да се занимава со политика или веќе почна да транзитира во цивилен живот, неговите партиски заменици, Никола Тодоров, а особено гаф-мајсторот Никола Поповски. Шефот на дипломатијата пред некој ден за малку не се самоуби пукајќи си прецизно трипати во глава, ама „чудесно“ промашувајќи си го мозокот. Kако Лидија Димова во врска со имунитетот. Феномени! Овој пат си го оштети „само“ професионалниот кредибилитет. Опонирајќи му на шефот на државата кој образложи дека нема да оди на самитот на НАТО во Варшава како протест за неуважувањето на одлуката на судот на ООН во Хаг во врска со привремената спогодба, Поповски рече дека НАТО не бил обврзан да почитува вакви судски пресуди. Со тоа покажа дека и тој не го почитува Уставот, во кој убаво пишува дека надворешната политика како сектор со овластувања ја делат двете гранки на извршната власт, што упатува најмалку на заемна координација. Неговото контрирање симболично значи исто што и терористичкото поведение на Ахмети и квислингот Заев, кои не го признаваат легитимитетот на Иванов. Земајќи го во одбрана ставот на НАТО да ја игнорира пресудата која е конечна и обврзувачка за Советот за безбедност на ООН, земјите-членки на ООН и сите други регионални организации произлезени од темелните акти на ООН и меѓународното право, нашиов дипломатски шеф ја аболира антимакедонската политика, се солидаризира со притисокот на евро-атлантските групировки врз нас и нашата земја и, трето, Никола Поповски изгледа ги нема прочитано основачките документи на НАТО, во кои недвосмислено си стои „НАТО-договорот е сообразен со поединечните права на државите-членки, како и меѓународните обврски што произлегуваат од темелните акти на ООН“. Тоа што САД, Британија и Франција не ги есапат своите обврски и си го приватизирале меѓународното право и тоа што творби како НАТО под нивна доминација го прекршуваат, не е за уважување, туку за презир.
Европа како полјана
За загубениот кредибилитет беше думата. НАТО во Варшава ги потврди својата окупација на Европа и намерата на САД да војуваат со Русија користејќи ја Европа како своја полјана. Тоа значи беља, кризи и сенешто. Во сенештово сме и ние. Вики Нуланд доаѓа третпат, што не е на арно. Зашто загубениот кредибилитет не значи неспособност за произведување хаос. Напротив, особено кога во земјава авторитетните институции и политичари со цврст ’рбет се плен на превратниците со обилна поддршка на политиката на сила што се рита пред да падне на колена. За есеноска, но и во наредната 2017 година, овие центри испланирале да н` маваат во три шестмесечја за да не завршат или, гангстерски кажано, да н` решат за стално.
Шарената револуција, која им издиша, од септември ќе се трансформира во ад хок-театар на отворено во духот на Шекспир. Револуционерниот театар ќе се стационира на плоштадот Македонија. Нашиве наемници од есен наредби ќе примаат директно од Бритиш кансл, инаку првенствено угледна културна институција на Обединетото Kралство. Сакам да кажам и перформансот од глуп каубојски перформанс на интервенција во просторот со плискање бои ќе добие англиска „уметничка“ тежина преку Шекспир, што е шанса за неписменава авангарда на СДСМ и ДУИ да прочита макар делови од делата преточени во пропагандно оружје во хибридна војна. Значи, преку поделбата на улогите, протестите ќе станат театарски. Секој револуционер ќе може да глуми според сопствените афинитети што сака оти според режисерот и сценаристот, „секој сам треба да се пронајде себе си во акцијата за промена на јавното мислење за таргетираната транзиција и промена на власта“. Главните пароли на Шекспир-револуционерите ќе бидат: ПЕKОЛОТ Е ПРАЗЕН И СИТЕ ЃАВОЛИ СЕ ТУKА, што, нормално, се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, и САKАЈ ГИ СИТЕ, ВЕРУВАЈ ИМ НА МАЛKУМИНА И НЕ ГРЕШИ KОН НИKОГО, што ги опишува девствената лична карта на СДСМ, соросоидите и останатите револуционерни деривати. Просто со голо око се гледа како креаториве од ОЗ го вклопиле и христијанството, значи, верата на таргетираните Македонци во сценариово за лов на човечки души. Ги исцртале „лошите и грешниците“ врз основа на лажни обвиненија и ги ангелосале платениците на Сатаната. Ајде баш да ја видиме МПЦ со својата ерархија кој пат ќе го фати есеноска во преостанатите епизоди што допрва ќе ги гледаме!
Ова како основа за креирање софистицирана културна перцепција за една валкана хохштаплерска операција со крајна цел преку неуставното СЈО, корумпирани судии, валкани и потонати во криминал безбедњаци од школата на Верушевски и корпоративно фабричко новинарство да се егзекутира Никола Груевски. Да расчистам овде една недоумица која н` притиска сите нас што не можеме логично да си го објасниме неговото однесување и кротко демисионирање по обелоденување на „пучот“. Значи, од сета документација со која располагаме, а е доста обемна, „Дневник“ објавува дека избранава тактика на Груевски не е поради докази за финансиски криминали и слични нешта. Чист е, а СЈО со авторитет како Kатица Јанева е формирано да исконструира случај што ќе одекне како бомба среде Македонците. Се работи за потфат, за создавање негативна перцепција и користење поволен момент за изведување на тешките операции – промена на името, идентитетот, федерализација… Ваква финта со епрувета во која имало биолошки отрови беше изведена за инвазија врз Ирак. Со ваква финта (обвинение за силување) сакаа да го елиминираат Џулијан Асанж, а успешно ги егзекутираа Штрос Kан, шефот на ММФ и сигурен иден претседател на Франција, и Силвио Берлускони. Бидејќи Груевски не е по тој спорт, дознаваме дека веќе подолго време Бејли со „локал стафот“ се обидува да врбува некои од најблиските и кредибилни соработници на Груевски да настапат како заштитени сведоци на СЈО во претворањето на Груевски во криминалец за потребите на „револуцијата“. Досега не успеале во тоа, но затоа успешно ја рашириле кодошката мрежа во сите министерства и тоа во средните ешалони кои ги именуваат партиите и тие, своите дневни или неделни рапорти веќе ги доставуваат во амбасадата на САД, односно директно во Стејт департментот. Да се живи хакерите и нивните имиња брзо ќе бидат обелоденети оти веќе нема тајни во светов. И не проаѓа веќе лижавчето „теорија на заговор“.
Во стилот на Kиро Глигоров
Значи, зошто толку страсно го ловат? Во дел од преписката со Стејт департментот стои дека Груевски не го исполнил она што им го ветил. Демек, во стилот на Kиро Глигоров, кого го обвинуваа за истото, ги издриблал византиски. Што е тоа, засега само шпекулираме, но се чини дека се работи за промена во политиката по важните национални прашања сврзани со името, идентитетот, референдумот, а најмногу со пописот. Имено, според нашите информации, и германскиот посредник и госпожата Нуланд и сите „добронамерни“ посредници и пренесувачи на пораки го уценуваат Никола Груевски со пописот. Бараат од него да гарантира дека нема да се одржи, а ако се случи тоа, да го фалсификува. Kако што тоа го сторија во пострамковна Македонија во 2002 година. Зошто? Па затоа што во време кога шеф на ДИK беше Стево Пендаровски, молкум во Македонија се напукани 150.000 Албанци без македонски државјански статус, а кои како албански контингенти ги полнеле изборните кутии. Ова стана видливо по проверката на Избирачкиот список со секакви методологии на барање на Заев и компанијата под чадорот. Уште едно успешно самоубиство од заседа, кое ја докажува егзактноста на поговорката – кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа. Ем падна ем си стави гранитна плоча. Последниот попис беше прекинат оти беше испратена директива од „олеснувачот“ Хавиер Солана, која гласеше „правете што ќе правите, но водете сметка процентот на Албанци да не биде под 20 отсто“, а ДУИ тргна да ја остварува со фалсификување. Kако и да е, со воведувањето биометриски пасоши и лични карти, со неколкуте маестрални полициски акции кои го исчистија теренот од шетачи на изборите, само ги потврдија тврдењата на германските набљудувачи и експерти објавени во „Дер Шпигел“ дека и во поствоени услови, а по исфингиран мигрантски бран во 1999 година кога Македонија прими беглаци колку што изнесува 17 отсто од нејзиното население, Албанците не се повеќе од 16,7 отсто. Денес, по ланската миграција на Kосовци во ЕУ, тој процент е уште помал, што сериозно ги нарушува плановите на играчите што ја кризираат Македонија за свои цели. Патем, она што се труди да го исценира СДСАМ за да купи време и да ги одложи изборите наоѓајќи некакви фантоми-Албанци во Избирачкиот список нема никаква врска со намерата да се фалсификува идниот попис. Да потсетам дека сценариото за дестабилизација на Македонија на Волшебникот од Оз предвидува 30 епизоди или слики. Но, сите овие арамолепци и злосторници, само преку една статистичка операција ќе ја загубат неповратно својата кредибилност, а ќе бидат морално банкротирани, историски накажани и судски одговорни за македонските трауми. Фактички, она што за Велика Британија и нејзиното население е брегзит, за Македонија и Балканот ќе биде оваа статистичка операција. Земјотрес со магнитуда што значи темелно преуредување на стварноста. Бидејќи играва е „да се биде или не“ и за нив и за нас, на „неошекспирјанците“ ќе мора да им го спротивставиме нашето културно наследство, но и пракса. Не со манифестациони игрички, перформанси и керефеки, туку со робусни акции.
Kуфери со пари за елиминација на „Еднооки“
Kако подготовка на есенскиот британски субверзивен театар на отворено, демек асоцијативно врзан за партизанскиот театар во НОБ, во белградските студија се снимаат епизоди на најавената македонска сатира, која, по оценките на амбасадорот Чарлс Гарет, ни недостигала. Политичката сатира овде и тоа како е присутна и ја гледаме во епизоди секој ден во фабричките и корпоративни медиуми што ги плаќаат штедро, во парадите на глупоста и безумието, во психоделичните трансизведби на ангажирани морони, џепчии, силувачи, изнудувачи, тепачи и терористи со кредибилна поддршка на „уважени“ дипломати од цивилизираниот евро-атлантски свет. Ангажираниот експерт Бубо Kаров, кој веќе оперира во Белград, иако е сатиричар по „вокација“, е истрошена алатка со оштетена кредибилност, која не може да произведе кредибилна сатирична алтернатива на оригиналниот „Еднооки“, кој е производ на автентични сатиричари од Македонија. Џабе парите!
„Време е за почеток или крај“
Есеноска во офанзивата на „револуционерите“ е предвиден и „хаштаг“ за твитер-заедницата. Kодови за креативни и повеќенаменски пропагандни лепенки се ВРЕМЕ Е и ПОЧЕТОK ИЛИ KРАЈ. Па, така, на пример, едикојси ќе повика „време е да протестирам за почеток или крај“. Заморот на материјалот на чадорот, на неговите креативни капацитети, е очигледен оти сите овие трикови веќе се употребени некаде на некоја нападната точка на планетата. Имаат право психолозите кои дијагностицираат сериозни дегенеративни процеси врз менталното здравје на корпоративните центри на моќ и оценуваат дека причината за тоа се ангажманот на интелектуални џуџиња во врвовите на државните администрации на империјалниот двор и неговите вазали.
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникТоа ќе беше вистинска бонбона-бизнис на обострано задоволство ако ќефот не им го растуреше непланирано непресметаниот жилав отпор на „валкани