Со „Стихови за душата“ крунисана 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“

Со „Стихови за душата“ крунисана 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“Во театарската сала на Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, во величествен амбиент, се одржа централниот настан од годинешната 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ – поетскиот митинг „Стихови за душата“. Љубителите на поезијата во Општина Илинден ја имаа привилегијата да уживаат во стиховите на 25 реномирани автори од Македонија и балканските држави, млади автори, но и автори со богати творечки опуси чии дела имаат понесено многубројни награди.
Отворајќи го поетскиот митинг, во своето обраќање до присутните градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека Литертурната манифестација „Илинден“ со својата оригиналност и автентичност зазема значајно место и остава силен белег во културата на Република Македонија и регионот.
„Сакам искрено да му се заблагодарам на Друштвото на писателите на Македонија, како и на вас почитувани писатели што со вашето учество на Литературната манифестација „Илинден“ ја афирмирате Општина Илинден како локална самоуправа. Благодарност и до сите учесници, до сите оние што вложија труд да се рализира оваа манифестација, до сите поддржувачи, до граѓаните на Општина Илинден,“ рече градоначалникот Стојановски.
На присутните им се обрати и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски, кој изјави дека му претставува чест и задоволство што поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија настапува во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2016“.
„Оваа манифестација зад себе има богата и значајна традиција. Чест и задоволство на поетите е да настапат во овој прекрасен Дом на културата кој благодарејќи на вложувањата на Општина Илинден, последниве години се издигна во симбол на 
продуховеност, пример за културен препород со низа сегменти меѓу кои е и библиотеката со богат и разновиден книжевен фонд“, додаде Смилевски.
Придружуван од звуците на гитарата Поетскиот митинг беше отворен со поезијата на македонските класици Ацо Шопов и Блаже Конески, во прекрасна изведба на Антонио Павловски, по што следуваше настапот на плејада врвни докажани пера од земјата и Балканот. Гордана Михаилов Бошнаковска, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Кочо Топузовски, Георги Барбаровски, Братислав Ташковски, како и гостите од Бугарија, Владимир Луков и Ивајло Савов, Љерка Тот Наумова од Хрватска беа само дел од поетската елита од сите генерации што испеа „Стихови за душата“ во Домот на култура „Илинден“.
На сите учесници во манифестацијата градоначалникот Стојановски им додели посебни благодарници за особен придонес во афирмацијата на културниот развој на Општина Илинден.
Во името на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), претседателот на Собранието на ДПМ, Раде Силјан, на градоначалникот на Општина Илинден му врачи посебно признание за придонесот во културата.
„Имам особена чест во оваа пригода да врачам едно ретко признание. На оваа манифестација досега учествувале плејада македонски писатели од сите генерации. Литературната манифестација „Илинден“ стана вистински белег на Општината. На почетоците на оваа манифестација сите ме прашуваа каде е Општина Илинден. А, денес ме прашуваат кога ќе одиме во Илинден. За овој вистински подем најзаслужен секако е градоначалникот Жика Стојановски, поради што му го врачувам ова посебно признание,“ истакна Раде Силјан во своето обракање пред присутните.
Во продолжение погледнете го видеото:Во театарската сала на Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, во величествен амбиент, се одржа централниот настан од

Пронајдете не на следниве мрежи: