„Те сакам и јас тебе и те молам не тагувај“ – со овие зборови го започна прошталното писмо Урош Дикиќ (19), кој се самоуби скокајќи под товарен воз.Несреќното момче вчера е погребано во Нова Пазова, а од него се простија родителите, сестрата и многубројни роднини и пријатели.
Урош е погребан во бел ковчег на кој е оставена црвена ружа, а непоредно пред тоа еден од неговите роднини го прочита и прошталното писмо во кое напиша и песна за својата мајка.
-Запали ги сликите за ништо на мене да не те потсетува… Рано утрово повторно заплакав, дали има надеж за рај или сѐ е пекол. Боже, се прашувам во овие доцни часови, јас сум скромна душа што секоја ноќ гребе по туѓите крвави врати, едвај прочита момчето и продолжи:
-Повторно сум буден, уште едно рано утро од ноќната мора ќе се разбуди и утре. Ќе продолжам по непознатите улици да лутам, ќе продолжам таблети да голтам, ќе продолжам по твоите врати се посилно да тропам. Овој текст го пишувам на 28 јули, кога повторно спознав што е љубов, липајќи го читал писмото неговиот пријател.
Во писмото натаму Урош го прашува Бога дали ќе зажали поради неговиот крах, зошто, како што наведува, наместо убаво утро го преправила бура.
-Дождот помина низ ѕидовите и паѓа како солзи. Потопена е невина ружа и мајкина блуза, дали сум во уште една проклета ноќна мора? Сфаќам дека не сум, чувствувам дека премногу боли. Сфаќам дека не сум додека го гледам Бог како молам… Низ отворената врата срцето ми го прободуваат ѓаволски рогови, не успеав ниту да проговорам, напишало несреќното момче.
Потоа наведува дека луѓето се робови и дека вистинската среќа не постои и повторно и се обраќа на ожалостената мајка:
-Мајко, немој повеќе да ме посетуваш, сама себеси да се задаваш болка и мене да ме повредуваш, уште повеќе отколку што сум повреден, зарем не забележуваш? Знам дека ме слушаш иако веќе не знам да сакам…Заборавив како убави зборови да изговорам. Одамна престанав молитви да говорам, непостоечки не се, ниту некогаш ќе проговорам. Во оваа мора од лажни солзи обесен столицата со нога ќе ја турнам, затоа немој да ме посетуваш, напиша момчето и додаде дека тој и неговата мајка навикнале да живеат на местото каде луѓето се робови.
Ја молел мајка си за прошка
ЦРНИ ВРАНИ МИ ЈА ЈАДАТ ДУШАТА
На самиот крај од писмото Урош ја моли мајка си за прошка зажејќи се на неизлечиви болки:
„Црни врани ми ја јадат душата и уште поцрни орли, со црнина се покриени столиците и моите ѓонови. Околу мене се пополнети гробови, окови ме заробија и тешки синџири, некогаш блиските ми станаа тотални странци. Јагнињата стивнаа, полека ќе престанат да црчат врапчињата. Би ви оставил сѐ, но немам ништо да ѝ оставам на мојата мајка. Ова е вистинска приказна, овде не се работи за бајка, ова е приказна за тоа каде завршуваат самците, напиша Урош.Несреќното момче вчера е погребано во Нова Пазова, а од него се простија родителите, сестрата и многубројни роднини и пријатели.
Урош е пог