Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ вели дека целта на Тиранската платформа е да се прекопира косовскиот Устав во Уставот на Македонија. Посочува дека во тој случај македонскиот народ не би бил носител на државноста во својата земја.– Гледате како кукавичко јајце ни се подметнува со таа Тиранска платформа. Содржината на косовскиот Устав да биде вградена во македонскиот Устав, истакна Ефтов.
Тој ги спореди Уставот на Косово и точките во Тиранската платформа.
-Во Член 5 од Уставот на Косово пишува: Службените јазици во Република Косово се албанскиот и српскиот јазик. Иако Србите се под 10 осто, српскиот е службен јазик, што значи дека тука тие претпоставуваат дека се под 20 проценти и сакаат да бидат побрзи од времето или побрзи од пописот и да биде албанскиот јазик – службен јазик без разлика на резултатот на пописот. Во Член 6, се вели дека знамето, грбот и химната се државни симболи на Република Косово кој го одразуваат нејзиниот мултиетнички карактер. Затоа тие го немаат знамето со орелот, туку го имаат тоа знаме со шест ѕвезди. Де факто, кога ќе ги видиме барањата на Тиранската платформа, името, химната, банкнотите, знамето кои треба да бидат прифатливи за Албанците, ние доаѓаме класично Косовско сценарио да спроведуваме во Република Македонија, вели Ефтов.
Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски пак, истакна дека прво е направен еден, како што вели, сурогат на некаков Устав за да се припреми теренот за она што допрва следи во Македонија.
-Прво се прави еден сурогат, бидејќи тоа никој пат нема да биде применета таа двојазичност на Косово, се прави сурогат на некаков си Устав кој е наводно многу либерален за се подготви пат на теренот за она што допрва следи во Република Македонија.
Според Ефтов, за да се направи целосна реприза на косовското сценарио, мора да се најде одговор на проблемот со северниот дел на Косово.
-За да се направи целосна реприза на косовското сценарио во рамки на структурите во Република Македонија, мора да се најде одговор на проблемот со Северно Косово на територијата на Република Македонија. Очигледно е дека тоа треба да се направи со проектот „Илирида“ или проектот „Северо-западна Македонија“ каде што треба да се направи хоризонтално поврзување на сите тие општини каде што е доминантно албанското население. Тоа се без малку, сите општини, почнувајќи од Сарај, завршувајќи со Струга. Центарот на таа „Северо-западна Македонија“ треба да биде градот Тетово и Теута Арифи која е апсолутно неуспешен и неспособен градоначалник на Тетово. Тој треба да биде главен играч на тој дел, тој појас или тоа територијално организирање на „Северо-западна Македонија“. Тоа треба да биде пандан или одговор на проблемот со Северно Косово, посочи Ефтов.– Гледате како кукавичко јајце ни се подметнува со таа Тиранска платформа. Содржината на косовскиот Устав да биде вградена во македонскиот Ус