Тиранската платформа која СДСМ ја прифати и која е направена со помош на туѓа држава веќе подолг период е топ тема во јавноста. Една од точките од Тиранската платформа за која СДСМ се согласи е и постигнување целосна рамноправност во согласност во Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија.Што тоа значи?
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека платформата не била изнесена на изборите пред граѓаните и граѓаните не се согласуваат со неа и таа е спротивна на Уставот.
-Политичарот кој ја прифаќа таа платформа е уценет и граѓаните не гласаа за таа платформа и тие не беа запознаени пред само месец или два пред изборите дека Зоран Заев ќе прифати таква платформа и со таа платформа мнозинството Македонци ќе се однесат во опозиција со цел малцинството Македонци и мнозинството Албанци во Македонија да ја донесат таа платформа, така гледано може да се каже дека тоа е државен удар, вели Груевски во интервју за Хрватската радио телевизија.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски од собраниската говорница изјави дека Бранко Црвенковски за претседателскиот мандат од пет години кој го добил со поддршка на ДУИ, платил со двојазичноста во Кичево, Струга, Долнени и Скопје, а оваа информација тој ја добил во 2008 година кога ја договориле коалицијата со ДУИ од поранешен пратеник на оваа партија.
-Во 2008 кога имавме разговори со некои претставници од ДУИ, бидејќи не ги познававме доволно добро, со кого треба да се прави коалиција, едно од нашите прашања беше дали сте нешто должни кај господинот Црвенковски, затоа што не сме сигурни, ако со вас бидеме во коалиција, ако имате нерасчистени долгови еден кон друг, дали ќе бидеме лојален коалиционен партнер или довербата е на друга страна. Еден ваш колега , поранешен пратеник ни кажа со Бранко Црвенковски не сме ништо должни, затоа што ние сме виделе како функционира СДСМ, ако им дадеме што сакаат, ќе ти дадат што сакаш. Бранко Црвенковски ни побара поддршка за да биде 5 години претседател, ние му побаравме Кичево, Струга, Долнени и Скопје двојазични, тоа е договорот меѓу СДСМ и ДУИ за територијалната реорганизација, која што нема никаква врска со географија, со стопанство, со економски развој или со желба на граѓаните од овие општини, изјави Милошоски.
Тој потенцираше дека тоа е етничката политика во Република Македонија која што денес сака да се сокрие зад фасадата на граѓанска. Милошоски уште и праша која е цената која денеска треба да се плати за СДСМ да биде на власт.
-За Црвенковски цената која што требаше да ја плати, беа Струга Кичево и Скопје да бидат продадени. Народот го интересира која е цената денес што СДСМ треба да ја плати, дали е платформата од Тирана, за да може партијата што ги изгубила изборите да биде владејачка партија, прашува Милошоски.
Пратеникот Илија Димовски од Собранието на Република Македонија рече дека најмалку е важно дали се вика платформа или декаларација и дека тоа е само обид да се тргне од вниманието на граѓаните содржината на документот кој што ја загрозува унитарноста на државата.
Димовски дополни дека колку и пратениците од СДСМ да се обидуваат да излажат дека таа платформа не постои постојано се демантирани од албанските политичари во Република Македонија, но и од политичарите во Албанија.
-Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што претставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Оттука колеги од СДСМ, не можеме ние да си ставиме кофа на главата и да се правиме глуви и да се убедуваме дека платформа не постои. Платформата постои, вели Димовски.
Дека СДСМ ја прифатила платформата потврдија и политичарите од партијата, но и од ДУИ.
Мухамед Зекири од СДСМ рече дека СДСМ кажала оти нема никаков проблем со платформата.
-Ние сме кажале дека СДСМ нема никако проблем со декларацијата, сега стана позната како платформа. Со декларацијата, со барањата, во завршна фаза сме со преговорите, нема што да криеме од граѓаните, истакна Зекири.
Освен јазикот, предмет на платформата се знамето, химната и државниот грб. Во Тиранската платформа како една од точките е и сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.Што тоа значи?
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворн